Инсталирањето на ХАЛО-то било предизвик и за инженерите на Ред Бул, во главно во смисла на изградба на шасија доволно силна за да се приспособи и да го помине ригорозниот тест за хомологација на ФИА. Останатата регулативата е релативно стабилна, што им овозможило да бидат спремни многу порано од вообичаеното презентирање во последен момент.
"Вака е подобро." - велат од Ред Бул. "Подобро е да се заврши порано и сега да се справиме со сите неочекувани пречки, кога болидот е на патеката, на филмски ден, наместо да се користи еден од нашите осум ултра-скапоцени денови за тестирање на патеката Каталуња.''
"Ќе снимаме на Силверстоун, а тоа ќе ни овозможи да поправиме некои работи, секако доколку се јави потреба од тоа. Во суштина, Даниел, нема да поставува рекорди на Силверстоун, но, сепак, тоа е неверојатно вредeн филмски ден."
Ред Бул, РБ14, во акција на патеката Силверстоун. 19.02.2018.