Речиси сите Ф1 тимови веќе ги стартуваа ПЕ во своите болиди, додека Мекларен е еден од последните, но вреди да напишеме некој збор за нив и потребата на Ф1 мотоспортот тие да бидат во битка за врвот. Разбирливо, прилагодувањето на шасијата од Хонда за Рено погонска единица не е така лесна работа. Можете да го замислите олеснувањето во Вокинг, кога стартувањето на погонската единица помина без поголеми проблеми уште од првиот пат.
Споредете го тоа со паниката од минатата година, за која дознавме од документарецот "Grand Prix Driver" пркажан на Амазон Прајм, кога првиот 2017 менувач не се вклопуваше во Хонда ПЕ, а потоа, кога беше конечно склопен, моторот на Хонда не сакаше да стартува. Никој во тимот не помислува дека Рено е лек за сите проблеми на Мекларен, но, на психолошки план е голем поттик дека работите ќе тргнат на подобро.
Едиствено нивна препрека може да биде тоа што Рено ја разви/ва својата ПЕ за повеќе тимови, пред се за својот фабрички Ф1 тим, уште пред да ја започнат соработка со Мекларен. Јасно е дека за 2018 година, па дури и 2019 година, многу е доцна за Мекларен да има влијание врз хардверот на Рено ПЕ. Тоа е нова врска која ќе треба да видиме како ќе се равива, и ако тaа е плодна и позитивна, тогаш нема причина зошто ова партнерство не би продолжило и во следната ера на Ф1, по 2020 година.