Како што веќе знаеме "VF" во името на болидот е дел од историјата на Haas Automation, главниот спонзор на тимот. Првата CNC машина произведена од Haas Automation беше VF-1 во 1988 година, која е кратенка од Very First One. Јуџин Хас, Претседател на Хас, се реши да ја искористи Формула 1 за да го промовира Haas Automation во глобален бренд.
"Учеството во Ф1 носи ниво на кредибилитет што едноставно не може да го добиете преку традиционалното рекламирање."
"Ние се фокусиравме да го намалиме јазот до најдобрите тимови. Најголемиот предизвик беше додавањето на ХАЛО-системот", рече Гинтер Штајнер, директор на Хас тимот. "На аеродинамичарите им беше потребно доста време за проучување, додека дизајнерите мораа да работат напорно за менување на шасијата, така што би се поминале Crash тестовите на ФИА."
"Вкупната минимална тежина на болидот се зголеми поради овој заштитен систем и сега тој има повисок центар на гравитација, едноставно поради положбата на ХАЛО-то. Сепак, сите останати го имаа истиот проблем."
"Во пресрет на новата 2018 сезона немаше поголеми промени во регулативата на Формула 1, така што VF-18 е еволуција на нашиот болид од минатата година, кој беше прилично добар, но ние не секогаш успевавме да го извлечеме најдоброто од него. Тоа е она што сакавме да го смениме во 2018 година и ние успеавме да направиме подобра работа со балансот на болидот."
"Боите на тимот се навраќање кон она што го имавме на нашиот прв болид, VF-16", додаде Штајнер. "Неговиот изглед е чист и прецизен, исто како и машините направени од Haas Automation. Сивата боја го покрива поголемиот дел од шасијата, дополнета со тонови на црвена и црна боја, која го вклучува изгледот на производствените линии во Haas Automation."
VF-18 првото деби на асфалтот ќе го има на патеката Каталуња, каде се возат двете пред-сезонски тест сесии со почеток од 26 Февруари и 6-ти Март пред првата трка во Австралија на 25 Март.