Само една недела по обезбедувањето на првиот ред во Бахреин, тимот на Ферари тоа го повтори на квалификациите за Кинеското Гран При. Себастијан Ветел беше за 0,087 делови од секундата побрз од Кими Раиконен. Овој резултат ја претставува 215-тата за тимот, и 7-мата Пол позиција за Германецот во боите на Ферари.
Себастијан Ветел: "Ова е одличен резултат и навистина сум среќен за тимот. Денес, болидот беше неверојатен и со Кими имавме одлична битка за првиот ред. Кога болдиот е брз и се однесува како што посакувате, добивате голема доверба и тоа помага. Ние не очекувавме да бидеме толку силни во споредба со нашата конкуренција."
"Денес направивме неколку мали промени во нашиот болид, но, тој и вчера беше прилично добар. Направив неколку грешки за време на мојот прв круг, во свиоците три и шест, каде што имав преуправливст. Гумите тука се многу чувствителни, па знаев дека ако ги зачувам чисти, тогаш последниот сектот од кругот ќе биде подобар."
"Не знаев што прават другите, но бев сосема сигурен дека ќе ја освојам Пол позицијата, бидејќи мислам дека бев еден од последните возачи и можев да профитирам од еволуцијата на патеката. Утре времето треба да биде сончево, што го прави асфалтот потопол. Ќе видиме како ќе се однесува нашиот болид, но мислам дека ќе бидеме многу блиски."
Кими Раиконен: "Ние сме многу задоволни со начинот на кој досега се одвиваат работите на овој викенд. Имавме прилично тесни квалификации. Имав два добри круга, но за жал изгубив одредена брзина во последниот сектор и не можев да се подобрам. Очигледно сакав повеќе, но утре е нов ден."
"Ќе ја започнеме трката со меките гуми, исто како и нашите ривали. Тоа ќе биде малку поинаква стратегија во споредба со останатите болиди и мислам дека е вистинската. Ние го направивме она што мислиме дека е најдобро за нас и треба да ни го даде најдобриот резултат на крајот."
"Нашата цел е да победиме, но прво ќе треба да завршиме добра разбота и да го извлечеме максимум од тоа. Ние извлекуваме се повеќе и повеќе од нашиот болид и учиме повеќе за него. Ние сме биле прилично конзистентни и задоволни со работите, очигледно треба да се подобриме тука и таму, но тоа е нормален и бескраен процес."
Во тимот на Мерцедес АМГ имаа големи проблеми со работната температура на гумите, особено ултра-меката смеша. За утрешната трка очекуваат многу потопло време и се надеваат дека го направиле вистинскиот потег со сет-апот на болидот.
Валтери Ботас: "Дојдовме тука размислувајќи дека ќе се бориме за Пол позиција, но, за жал таа за нас беше недостижна. Тоа беа прилично едноставни квалификации и јас чувствував дека го вадам максимумот на болидот. Можеби не ги имавме под комплетна контрола гумите, но, мислам дека и тоа не би ни било доволно да ги победиме болидите на Ферари."
"Тоа е многу разочарувачки, бидејќи разликата беше доста голема. Ние, дефинитивно имаме работа пред нас, но утре е нов ден. Денес беше ветровито и ладно, утре треба да биде мирно и сончево. Подобро се однесуваме на потврдите смеши, па затоа трката ќе ја започнеме на меките гуми, па можеби ќе го искористиме тоа во наша корист."
"Не очекува долга трка и, како што видовме минатиот викенд, ќе имаме блиска борба. На хартија, оваа патека е полесна за претекнување од Бахреин, па се надевам дека утре ќе можеме да го надоместиме она што го изгубивме денес."
2018 КИНЕСКО ГП - ИЗЈАВИ НА НАЈБРЗИТЕ ВОЗАЧИ
4/14/2018 07:15:00 PM
0
Tags
Share to other apps