Финале на 2025 сезоната. Последна хибридна трка од тековните регулативи.
Пред 250 трки, денешната ќе биде 251-ва, започна овој првично речиси тивок период, а оваа недела ќе заврши.
Овој период ни донесе 12 шампионски титули, а дали ќе бидат во сопственост на три или четири возачи ќе се открие на денешната трка.
До денес шест титули има Луис Хамилтон, една Нико Розберг и четири за Макс Ферстапен.
Хибридните турбо мотори влегоа во Формула 1 по иницијатива на производителите на автомобили.
Се надеваа дека електриката е иднината... Колку беа во право од денешна перспектива, ве оставаме да заклучите самите.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА, 14:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Во 2026 година, со многу поедноставни регулативи за погонски единици, два нови производители ќе влезат во Формула 1 шампионатот, еден заминува во историја!
Едни од погласните за воведување на хибридите, гигантот Рено, ако се ште може да се нарече гигант во автомобилската индустрија.
Пред ерата на хибридните турбо мотори, Рено беше главен избор на Адријан Њуи, правејќи болиди кои како да се движат по шини.
2025 ГН Абу Даби е последната трка на која ќе се појават моторите Рено во Формула 1.
Сегашните прописи беа создадени, за да се овозможи полесно престигнување, да се спречи болидите да остават зад себе моќни турбуленции, да се вратиме на начинот на кој работите беа порано.
Прописите требаше да започнат од 2021 година, но поради пандемијата, тие беа одложени за 2022 година.И повторно се случи спротивното.
Немаше повеќе престигнувања, но проблемите беа огромни, а вертикалните осцилации на болидите, нешто што симулаторите не го предвидоа, беше проблем за вистинска загриженост за здравјето на возачите.
Тимовите поминаа во години развој да се спречи оваа појава, но како што сите гледаме проблемот сè уште се појавува. Во Лас Вегас, Мекларен беше дисквалификуван поради тоа.
Во 2026 година, Формула 1 врти нова страница во својата историја со надеж за подобра иднина.
За последната трка имаме тројца возачи кои претендираат на шампионската титула. Нивните настапи сезонава беа падни-стани, но тие денес стигнаа речиси изедначени.
Секој има седум победи. Ландо Норис има 408 поени, Макс Ферстапен 396 (-12 поени) и Оскар Пјастри 392 (-16 поени).
На Ландо му треба само третото место, за да стане 76-ти шампион во историјата на Формула 1. Влоговите се високи.
Тековната сезоната траеше 266 дена, од 16 март до 7 декември, и втора година по ред вклучуваше рекордни 24 трки, од кои шест беа со Спринт формат.
Оваа сезона беше дебитантска и многу успешна за Кими Антонели, Исак Хаџар и Габриел Бортолето.
Оваа сезона е последна во Формула 1 за моторите на Рено, кои дебитираа во 1977 година, и за тимот на Заубер, кој дебитираше во 1993 година.
Досега, само еден дебитант е сигурен за 2026 година, Арвид Линдблад со Рејсинг Булс, додека двајца искусни возачи ќе се вратат по кратка пауза: Валтери Ботас и Серџо Перез, кои потпишаа за новиот американски тим, Кадилак Ф1.
Во меѓувреме, новогодишните и божиќните празници се пред нас, а во јануари ќе започнат презентациите на новите болиди и зимските тест сесии.
Новата 2026 сезона ќе започне многу брзо!
Идејата за изградба на патека во главниот град на Обединетите Арапски Емирати беше формализирана во јануари 2006 година, кога Херман Тилке доби наредба да развие скромна патека од три километри за регионални трки.
Секој месец проектот се прошируваше, а летото беше одлучено да се финализира со лиценца за Формула 1 трки. Како резултат на тоа, патеката на вештачкиот остров Јас стана во тоа време еден од најамбициозните проекти на архитектонското биро Тилке.
Патеката во Абу Даби често беше критикувана за проблеми со претекнувањето, а тоа стана особено очигледно во 2020 година, па патеката беше реновирана за сега веќе епската трка на која беше одлучена шампионската титула кај возачите за 2021 сезоната.
Бавните свиоци беа заменети со многу побрзи, а должината на еден круг се намали за 273 метри. Бројот на кругови беше зголемен на 58, па вкупното растојание на трката дури и малку се зголеми.
Патеката бара просечно ниво на потисна сила, а оптоварувањето на сопирачките е доста големо. Во трката, возачите користат специјален визир за удобен премин од природно во вештачко осветлување.
Една од поинтересните карактеристики е тунелот на излезот од пит-линијата, за кој на почетокот, многумина беа скептични за неговата практичност, бидејќи во случај на инцидент тешко ќе се отстрани болидот, но досега се уште не се појавија сериозни проблеми.
Според инженерите на Пирели, стратегијата со едно застанување за промена на гумите треба да е најбрзата опција за Големата Награда на Абу Даби.
Почетен стинт на жолтите гуми, кои потоа би се замениле со белите, при што менаџирањето со деградацијата во првиот стинт ќе биде од клучно значење. Тимовите со зголемената деградација на гумите може да се одлучат за два пит-стопа.
Двете опции се сметаат за конкуретни. Во првиот случај ќе се стартува на жолти и премине на бели, помеѓу 20 и 26 круг. За тие што стартуваат подолу во поредокот и се решат за старт на белите гуми, ќе треба да ги сменат помеѓу 33 и 39 круг, ако преминат на жолти, или помеѓу 39-45 круг ако се одлучат за црвените пневматици.
Она што тимовите ќе изберат да го направат ќе зависи од нивната преостаната распределба на пневматиците.
Постојат три фактори кои можат да ги мотивираат возачите да направат два пит-стопа за промена на гумите. Тоа се сериозната деградација, поголема отколку во досегашниот тек од викендот, излегување на безбедносното возило, или, поверојатно, возачите заглавени во сообраќајот ќе одлучат рано да влезат во бокс за да ги искористат преностите на новиот сет на пневматици.
Тоа може да предизвика верижна реакција, што би довело до тоа повеќе тимови да преминат на стратегија со две застанувања во бокс. Како и секогаш, секој тим мора да е подготвен да реагира навремено и успешно, а не како Мекларен на минатата трка
Секогаш е штета кога сезоната ќе заврши.
Додека таа трае, ги броевме деновите до следната трка, прогнозиравме, се радувавме, но и се разочарувавме од некои трки, сега се тоа заминува на зимска пауза.
Последната трка е време да ја направиме "завршната сметка". Не ни беше лесно, но се трудевме да не го забележите тоа.
Но, веќе со нетрпение очекуваме да видиме каква ќе биде следната сезона.
Сите поважни информации за новата сезона се сумираат на следниот ЛИНК
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА ГН АБУ ДАБИ
12/07/2025 12:31:00 PM
0
Share to other apps









