Јуџин Хас влегува во својата трета година како сопственик на тим во Формула 1 Шампионатот. Инженерите во неговиот тим знаат каде треба да се подобри болидот, со цел да се напредува во пласманот на конструктори.
"Во новата 2018 сезона сите ќе бидат подобри. Ние ги идентификувавме нашите слаби точки и со Гинтер Штајнер (директорот на тимот) разговаравме за тоа во кој правец ќе одиме и како ќе се подобриме. Не е тајна дека користиме многу опрема од Ферари, па тие се нашиот репер. Треба да бидеме во рамките на половина секунда од нив, за да можеме да бидеме конкурентни."
"Минатата година не бевме. Би рекол дека бевме 1-1.5 поспори од Ферари. Севкупно, бевме за околу две секунди побавни во квалификациите од времињата за Пол позицијата, па затоа треба да анулираме секунда од тоа заостанување ако навистина сакаме да бидеме конкурентни."
"Ние сакаме да ги решиме техничкитe проблеми што не држат назад. Пневматиците се најголемиот проблем што го имаме, бидејќи мора да ги одржувате гумите во одреден температурен опсег. Начинот како ги одржувате гумите во тој температурен опсег, е во корелација со тоа како се справувате со потисната сила, нивото на грип и пролизгувањето на тркалата."
"Пневматиците на Пирели се многу чувствителни на потисната сила, прегревање и лизгање, па за да ги одржувате во вистинскиот температурен опсег, треба да имате добра шасија и вистински аеро пакет. Ако го немате тоа, болидот станува многу тежок за возачите и не можете да очекувате од нив да постигнуваат добри резултати со болид кој едноставно нема способност да се "залепи" за асфалтот."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.