Тимот на Ред Бул ја забележа првата сезонска Победа на Големата Награда на Кина. Прво место како резултат на фантастична тимска работа. Добрата стратегија и одличната изведба на членовите на тимот, кои завршија неверојатната работа во текот на викендот, особено со промената на ПЕ во болидот на Даниел. Како резултат на тоа Австралијанецот возеше неверојатна трка и целосно ја заслужи победата.
Дaниел Рикиардо: "Трката беше забавна, многу забавна. Од позицијата во која бевме вчера не би поверувале дека денес ќе бидеме тука на врвот. За мене ова е голема награда, но исто и за механичарите и инженерите, тие ја заработија оваа Победа. Не само со одличните пит-стопа и стратегијата, туку и што успеавме да ги започнеме квалификациите, а тоа ми овозможи да влезам во борба за Победата. Тие треба да бидат многу, многу горди."
"На почетокот од трката мислев дека би можеле да се бориме за подиумот, но не очекував победа, но после БВ знаев дека имаме шанса. Откако стигнав на лидерската позиција, немав намера да се откажам од победата, немаше шанси да ја испуштам. Тимот донесе брза одлука да ги повика двата наши болиди под безбедносното возило и тоа беше одлука за победа."
"Низ мене поминаа многу емоции. Кога се враќав до боксевите, само се смеев и немав многу зборови, а потоа на подиумот за малку што не заплакав, а на прес-конференцијата само размислував за целата трка, како и за минатата недела. Колку Ф1 може да те натера да се чувствуваш разочарано, но и колку високо може да те издигне. Сега сите можеме да одиме и да славиме вечерва."
Макс Ферстапен: "Ова не е резултатот што го посакував денес, пропуштивме одлична можност за двојна победа. Се обидов да го претекнам Луис од надворешната страна, но имаше премногу парчиња гума и отидов малку прешироко. Тоа беше вистинка штета, бев во добра позиција за напад, на крај успеав да бидам претекнат од Даниел."
"Сепак, тогаш сè уште имавме шанса за финиш на првото и второ место, но за жал направив очигледни грешки. Себ се бореше со неговите гуми, па знаев дека имам добра можност, се обидов да го претекна од внатрешната страна, но, ги блокирав задните тркала и завршив во неговиот болид. Јас сум разочаран од себеси и од исходот на трката. Тимот делуваше совршено денес, имавме одлична стратегија и брз болид, па пламант е вистинска срамота."
"Во овој период не ми поаѓа ништо од рака, па јас треба да седнам и анализирам каде е грешката и се надевам дека ќе се вратам посилен на следната трка. Голема благодарност за тимот, и, се разбира, честитки до Даниел за залужената победа."
РЕД БУЛ - РЕАКЦИИ ПО ТРКАТА
4/15/2018 06:03:00 PM
0
Tags
Share to other apps