МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈДОБАР НА ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН - ФОРМУЛА 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДУВА: ГН НА СОЕДИНЕТИТЕ ДРЖАВИ 19-21 Октомври.

5/15/2018

МАКС ФЕРСТАПЕН НАЈДОБАР НА ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го заврши првиот тест ден на врвот од табелата, за само 0.034 делови од секундата пред Реното на Карлос Саинц ЈР.. Шпанецот со помош на хипер-меките гуми на Пирели го постави своето време на два часа пред крајот на денот, првично симнувајќи го Себастијан Ветел од врвот на табелата, пред Ферстапен да ги победи и двајцата. Холанѓанецот ги користеше супер-меките гуми за да го забележи своето најдобро време на почетокот од последниот час на возење.

Ветел со болидот на Ферари на крај заврши со третото најбрзо време, со заостанување од 0.131 секунди на меките гуми, додека Роман Грожан со поставеното време на хипер-меките гуми на Пирели во утринскиот дел од сесијата, на крај го забележа четвртото најбрзо време за тимот на Хас.
Луис Хамилтон резервиран, само со 6-тото најбрзо време, но со помош на најтврдата смеша на Пирели. Мекларен и Форс Индија имаа и втор болид на патеката, комплетирајќи тест програма на Пирели. Првата сезонска тест сесија завршува утре, среда, 16.05.2018 година.
<
РЕЗУЛТАТИ ОД ПРВИОТ ТЕСТ ДЕН
П.ВОЗАЧТИМВРЕМЕРАЗЛИКА
1Макс ФерстапенРед Бул1:17.528/ (СМ, 148)
2Карлос Саинц ЈР.Рено1:17.562+ 0.034 (ХМ,119)
3Себастијан ВетелФерари1:17.659+ 0.131 (М,136)
4Роман ГрожанХас1:18.449+ 0.921 (ХМ,129)
5Николас ЛатифиФорс Индија1:18.530+ 1.002 (ХМ,107)
6Луис ХамилтонМерцедес АМГ1:18.543+ 1.015 (Ме,151)
7Штофел ВандорнМекларен1:18.981+ 1.453 (СМ,85)
8Антонио ЏовинациЗаубер1:19.693+ 2.165 (ХМ,135)
9Оливер РоландВилијамс1:20.009+ 2.481 (ХМ,121)
10Ландо НорисМекларен1:20.997+ 3.469 (?,76)
11Џорџ РаселФорс Индија1:21.478+ 3.950 (?,123)
12Шон ГелајлТоро Росо1:21.935+ 4.407 (М,50)
13Оливер ТарвиМекларен1:21.070+ 5.542 (?,58)

No comments:

Post a Comment