ВИЛИЈАМС FW42 - НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, НОВ ИЗГЛЕД - ФОРМУЛА 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДИ: ГН НА АВСТРАЛИЈА 15-17 МАРТ 2019

2/11/2019

ВИЛИЈАМС FW42 - НОВА ГЕНЕРАЦИЈА, НОВ ИЗГЛЕД

Тимот на Вилијамс ќе има нов изглед во 2019 година, што стана јасно по денешната презентацијата на FW42, одржана во нивната база во Гроув.

Болидот има ревидирана шема на бои, во која за претстојната сезона ќе доминираат сината, црна и бела боја. За пофалба е што тимот си најде нов главен спонзор - ROKiT, компанија од областа на телекомуникациите.
Џонатан Кендрик, Претседател на ROK Брендовите, рече: "Со лансирањето на ROKiT во 2019 година сакавме глобална платформа која ќе ни помогне да ја раскажеме нашата приказна за иновативноста. Вилијамс Рејсинг е совршен партнер."

"Со нив можеме да го донесеме Ф1 до фановите на нови и пионерски начини. Преку нашата технологија за 3D очила и нашите Wi-Fi можности, имаме за цел да ја направиме Формула 1 уште подостапна за сите."

"Вилијамс Рејсинг постои за да се трка во најдобриот, врвен ешалон на мотоспортот и ова партнерство го гледаме како почеток на амбициозен и возбудлив пат до подиумот."
Фановите на Вилијамс ќе мора да почекаат малку повеќе за да го видат вистинскиот FW42, зад чиј волан ќе седнат минатогодишниот шампион во Формула 2, Џорџ Расел и повратникот во Ф1, Роберт Кубица.
Тие ќе имаат задача да го подобрат минатогодишното последно место во генералниот пласман на конструкторите.

Тимот на Вилијамс својата прва шанса за проценка на нивните перформанси во однос на своите ривали ќе ја имаат за време на првата пред-сезонска тест сесија на патеката Каталуња, која започнува на 18 февруари.


No comments:

Post a Comment