Car: Bugatti Type 35 Engine: 8-Cylinder In-line
Maker: Bugatti Bore X Stroke: 60 X 88 mm
Year: 1924 Capacity: 1,991 CC
Class: Grand Prix Power: 135 bhp at 5,300 rpm
Wheelbase: 94.5 in Track: 47.2 in front, 47.2 in rear
Total weight 1,433 lbs Tires: 710 X 90
Еторе Бугати е роден во Милано на 15 Септември 1881 година. Најмладиот син на Карло Бугати, уметник и дизајнер на мебел, беше привлечен од дизајнерската уметност и на возраст од 19 години го дизајнира неговиот прв автомобил, кој освои златен медал на Саемот во Милано во 1901 година. Победничкиот дизајн беше продаден на Baron de Dietrich од Niederbronn, Alsace, Франција. Спонзориран од Баронот, тој му се придружува во Alsace, каде произведуваат една серија на автомобили познати како De Dietrich-Bugattis.Кога добива на реноме, Бугати, во 1904 година се приклучува на Emille Mathis и помага во дизајнирањетона 4-цилиндарскиот Хермес. Подоцна станува главен инженер на компанијата Deutz на возраст од 25 години. Но, негова желба е да основа сопствена компанија, па така тој успева да дизајнира 1400cc 4-цилиндарски автомобил, кој го прикажува на Саемот за Автомобили во Париз во 1910 година. По почетно направените 5 автомобили, следува сериско производство по одличниот прием од страна на купувачите.
По завршувањето на Првата светска војна Bugatti продолжува со изработка на тркачки автомобили. Неговиот голем успех дојде во 1921 година кога пријавува екипа од 5 автомобили Бугати за Voiturette GP во Бреша. Неговите автомобили ги освојуваат првите четири места. Ова доведе до многу нови нарачки за "Бреша" моделот и воспоставувањето на Bugatti како производител на тркачки автомобили за приватни учесници.
Но, по почетниот успех на неговите автомобили, подоцна тие се победувани од страна на поновите модели од други производители како што на пример е Фиат кој ја воведува "supercharging" технологијата. Бугати во 1924 година го дизајнира и изгради автомобилот, кој го направи легенда - Bugatti Type 35. Почетоците на овој модел во трките не беше баш успешен, но интересот на идните купувачи беше огромен. Во почетокот тврдоглаво одбивал да се користи "supercharged" технологијата во моторите на неговиот автомобил, но на крај мораше конечно да попушти и имаше полнач врз основа на Roots Blower дизајнот додаден на 2 литарскиот Type 35C и 2,3 литарскиoт Type 35B.
Од 1927-1931 година плавите автомобили на Bugatti доминираа на тркачката сцена. Type 35 ќе се покаже како еден од најуспешните автомобили во историјата. Неговата перфектна изработка и способноста да биде конкурентен веднаш по напуштањето на производствената лента го направи легендарен.
Францускиот возач Рене Драјфус изјави дека "Можете да ја поставите колата каде што посакувате, грипот е фантастичен... прецизноста на управувачот е нешто фантастично".
Од моделот на Bugatti Type 35s се произведени вкупно околу 400 автомобили и се возени од многу возачи, од аматери до вистински ѕвезди како Драјфус, Вилијам Г. Вилијамс - Победникот на 1929 Монако ГП-то и Луис Чирон. Сите возачи на Бугати постигнале приближно 1850 победи помеѓу 1924-1927 година.
И покрај успехот што го направи со воведувањето на супер-полначите Bugatti ја задржува неговата тврдоглавост за примена на иновации кои не се создадени во неговата куќа. Додека хидрауличните сопирачки стана стандард во другите компании, во Bugatti тој продолжи да користи кабли. Според легендата кога еден од неговите клиенти се жалел на сопирачките тој едноставно му одговорил:
"Јас го правам мојот автомобил да вози, а не да запира."