Почетокот на вториот тренинг беше одложен за десет минути поради разлабавен капак од одводната шахта на 12-от свиок. Минатата година, од истата причина, квалификациите мораа да се одложат за половина час, само проблемот беше во 14-тиот свиок.
Возачите ја започнаа сесијата со низа кругови на жолтите гуми, со кои не работеа на првиот тренинг, а потоа се префрлија на црвените. Ферстапен се пожали на проблеми со сопирачките, но неговите инженери брзо го средија проблемот и неколку минути подоцна Холанѓанецот повторно се врати на патеката. Друг возач со слични проблеми беше Кими Раиконен.
Изненадување на денот беа возачите на Алпин Ф1 кои се пласираа на 5-то и 6-то место на табелата, нешто што никој не го очекуваше. Рано е да се донесуваат заклучоци, но тренинг сесиите за нив поминаа прилично добро. Фернандо Алонсо е во добра форма, на патека каде за прв пат настапува. Секако, Французите ова треба да го потврдат во текот на утрешниот ден.
Петочните тренинг сесии помина без поголеми проблеми за возачите, но попладнето ветрерот прилично се зголеми, што влијаеше на постигнатите времиња, правејќи ја патеката побавна. Површината на патеката е сè уште мазна, возачите не секогаш беа во можност да го пронајдат вистинското ниво на грип.
Имајќи ја предвид големата загуба на време за пит-стоп, во недела повеќето возачи ќе изберат стратегија од еден пит-стоп. Во таква ситуација, сите три смеши на Пирели беа активно користени.
Минатата година имаше чувство дека Пирели донесе премногу тврди смеши за трката во Португалија, а годинава се решија за истата номинација. Па така белите гуми нема да бидат користени премногу, и секако нема да бидат првиот избор за трката.
Со скратените тренинг сесии и стинтовите на кои се базиравме за тркачкото темпо на тимовите, не се она што беа, па така ако може да се донесе некаков заклучот тоа би бил само за жолтите гуми, каде разликата преовладува во околу две десетинки по круг во корист на Мерцедес АМГ, секако во однос на Ред Бул. Останатите тимови се половина секунда поназад. Возачите на Ред Бул немаа долги стинтови на црвените гуми.
Резултатите на двата тима се тука некаде, со мала предност кон Мерцедес АМГ. Досега на сите споредбени табели Сребрените стрели се на дното, како тим со најголемо заостанување во однос на своите времиња од минатата сезона. Ред Бул беше со далеку поизразена предност, но сега и тие со големо заостанување во однос на минатата година.
Како и утрината, на многумина од возачите им беше избришан најбрзиот круг поради излегување надвор од лимитите на патеката и тоа 18 круга за прекршоци во првиот свиок и 12 за прекршоци во четвртиот.
Дали одредени тимови блефираа на денешните тренинг сеси или едноставно силниот ветер го зближи поредокот до максимум ќе дознаеме на утрешните квалификации кои стартуваат во 16:00 часот по македонско време.
| 2021 ПОРТУГАЛИЈА ГП - ТРЕНИНГ 2 | |||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:19.837 | 33 | |
| 2 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:19.980 | + 0.143 | 26 |
| 3 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:20.181 | + 0.344 | 28 |
| 4 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:20.197 | + 0.360 | 33 |
| 5 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:20.220 | + 0.383 | 32 |
| 6 | Естебан Окон | Алпин | 1:20.235 | + 0.398 | 31 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:20.360 | + 0.523 | 33 |
| 8 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:20.418 | + 0.581 | 31 |
| 9 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:20.427 | + 0.590 | 31 |
| 10 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:20.516 | + 0.679 | 28 |
| 11 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:20.558 | + 0.721 | 34 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:20.757 | + 0.920 | 28 |
| 13 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.976 | + 1.139 | 32 |
| 14 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:21.053 | + 1.216 | 33 |
| 15 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:21.074 | + 1.237 | 32 |
| 16 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:21.225 | + 1.388 | 22 |
| 17 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:21.238 | + 1.401 | 32 |
| 18 | Мик Шумахер | Хас | 1:21.537 | + 1.700 | 29 |
| 19 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:21.855 | + 2.018 | 31 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:22.638 | + 2.801 | 28 |
|
ХИБРИДНА ЕРА - АЛГАРВЕ 2020 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.940 2021 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:19.837 |
|||||
| @МкФормула1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||||
| 2020 vs 2021 | ||||
| П. | TIM | 2020 | 2021 | РАЗЛИКА |
| 1. | АСТОН МАРТИН |
1:19.901 | 1:20.427 | + 0.526 |
| 2. | АЛПИН |
1:19.426 | 1:20.220 | + 0.724 |
| 3. | АЛФА РОМЕО |
1:20.490 | 1:21.225 | + 0.735 |
| 4. | ХАС | 1:20.680 | 1:21.537 | + 0.857 |
| 5. | ВИЛИЈАМС | 1:19.821 | 1:20.976 | + 1.155 |
| 6. | ФЕРАРИ | 1:18.838 | 1:20.197 | + 1.359 |
| 7. | АЛФАТАУРИ | 1:19.178 | 1:20.558 | + 1.380 |
| 8. | РЕД БУЛ | 1:18.535 | 1:19.980 | + 1.445 |
| 9. | МЕКЛАРЕН | 1:18.743 | 1:20.418 | + 1.675 |
| 10. | МЕРЦЕДЕС АМГ | 1:17.940 | 1:19.837 | + 1.897 |





