Големата Награда на Сао Пауло, Бразил, претпоследна трка од американската турнеја во Формула 1, бидејќи за две недели следува трка во Лас Вегас.
Со еден месец до крајот на 2025 сезоната, битката за титулата кај возачите го добива својот конечен расплет. Возачите на Мекларен пристигнаа во Бразил со еден бод предност за Ландо Норис, која по вчерашниот спринт се зголеми на релативно големи 9 поени.
Секоја од преостанати четири трки и еден спринт би можела да се покаже како одлучувачка.
Третиот кандидат за титулата, Макс Ферстапен со болидот на Ред Бул, е 39 поени зад лидерот, но неговите шанси секогаш беа во рамките на речиси невозможното, а прикажаната форма на РБ21 на Интерлагос го потврдува тоа.
Овие тројца возачи се речиси на иста возраст. Пјастри има 24 години, Норис сега има 25, а Ферстапен неодамна наполни 28 години.
Австралијанецот е сјајен возач. Исклучително е ретко дури и најдобрите да освојат последователни шампионски титули во Формула Рено, Формула 3 и Формула 2 од прв обид, како што направи Оскар во 2019, 2020 и 2021 година.
Оскар ја предводеше сезоната во поголемиот дел, едноставно благодарение на чистата брзина, практично без инциденти.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
ВАЈБЕР - КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
ТЕЛЕГРАМ - КЛИК ТУКА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
СТРИМ ОД ТРКАТА ЗА ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САО ПАУЛО, 18:00 MK, ЌЕ БИДЕ ПОСТИРАН НА ВООБИЧАЕНИОТ НАЧИН НА НАШИОТ БЛОГ, КАКО И ВО НАШИТЕ ВАЈБЕР И ТЕЛЕГРАМ ГРУПИ.
Ландо Норис е година и пол постар. Следната недела полни 26 години. Тој беше одличен во картинг и Формула Рено, освојувајќи ја својата последна титула во европската Ф3 во 2017 година, но никогаш не освои шампионска титула во повисоките шампионати, губејќи од Џорџ Расел во Формула 2.
Дебитираше во Мекларен во 2019 година, како тимски колега на Карлос Саинц Јр.. Го победи својот тимски колега со 11:10 во квалификациите. Норис беше брз во саботите, но Шпанецот го победуваше во трките и освои повеќе поени.
Ферстапен немаше шанса да се натпреварува во јуниорските шампионати на формула едносед. Тој го освои шампионатот на Формула Мастерс во 2014 година, а потоа Хелмут Марко го донесе во семејството на Ред Бул, и целата негова кариера се одвива пред нашите очи.
Со четири шампионски титули зад себе, Холанѓанецот има само 28 години, кои му даваат добра шанса за уште поголеми резултати. Сепак, заминувањето на Њуи и други членови на високиот менаџмент донекаде го ослабна Ред Бул, но засега, тие се движат убаво по инерција.
Мекларен не е зад Оскар, не е ни зад Ландо, тие играат игра на еднаквост. Но, вистинска еднаквост не постои во Формула 1, исто како што нема два идентични болиди.
Би сакале да веруваме дека титулата на крајот ќе му припадне на оној со најголема брзина и најсилни нерви и ќе ја гледаме таа битка со задоволство.
Оваа петта година, трката во Бразил да се вози под градско, а не национално именување, како во Мексико Сити. Наоѓањето средства на локално ниво се покажа полесно отколку на национално ниво.
И ако Големата Награда на Бразил во Сао Пауло секогаш беше на работ на откажување поради повеќе причини, тогаш Големата Награда на Сао Пауло е целосно успешен настан.
Бразилската јавност не е ништо помалку емотивна од мексиканската и подобро ја разбира Формула 1. Штета е што на повидок се уште нема наследник на легендарниот Аиртон Сена, но за тоа е потребен талентиран возач и богат покровител.
Оваа сезона, се појави домашен возач во Габриел Бортолето, а минатогодишниот шампион во Формула 2 изгледа добро се снаоѓа во битката против искусниот Нико Хулкенберг.
Следната година, Заубер станува фабрички тим на Ауди, што ќе му овозможи да постави многу повисоки цели. Бразилците се шести по број на возачи кои се натпреварувале во Формула 1 и трети по број на титули, зад Британците и Германците.
Бразилските возачи се натпреваруваат на оваа трка уште од нејзиното воведување во Ф1 календарот. Емерсон Фитипалди, неговиот брат Вилсон и Хозе Карлос Паче, по кого е именувана патеката Интерлагос, беа наследени од Аиртон Сена и Нелсон Пике, потоа дојдоа Рубенс Баричело и Фелипе Маса, потоа дојде ветувачкиот Пјетро Фитипалди, а сега бразилците ќе навиваат за жителот на Сао Пауло, Бортолето, за кого ова е домашна трка во буквална смисла на зборот.
Хозе Карлос Паче е една од неколкуте патеки каде се вози спротивно на стрелките од часовникот.
Таа се состои од кривулест дел помеѓу свиоците 6 и 12, со три долги правци помеѓу свиоците три и четири, пет и шест, и после 14-от свиок до почетната "S"(Сена) шикана. Воедно, завршетокот на трето споменатиот правец е најидеалното место за претекнување.
Интерлагос е четвртата најкратка патека во календарот на Формула 1 за 2025 година, зад патеките во Монако, Зандворт и Мексико Сити. Се наоѓа на надморска височина од 800 метри, но по Мексико Сити, 2.300 метри надморска височина, ова нема да биде проблем.
Интерлагос е патека со две крајности. Првиот и третиот сектор бараат низок отпор на долгите правци, но средниот сектор е кривулест и бара голема потисна сила. Со воведувањето на втората DRS зона, инженерите почнаа да се фокусираат на потисната сила за да постигнат најдобри времиња во круг, но исто така е важно да се одржи максимална брзина по права линија за време на трката.
Благодарение на долгите правци и втората DRS зона, Интерлагос е една од најдобрите патеки за престигнување. Тешко е за возачот кој се брани да го контролира полнењето на акумулаторите, бидејќи нема многу големи зони за сопирање за обновување на енергијата.
Во минатото кога трките кои се возат во спротивна насока биле новост, тие биле тешки за навикнување за возачите. Во модерната ера, тоа повеќе би предизвикало механички проблеми на болидите, како "бегање" на горивото, водата, маслото спротивно од нивните пумпи.
Како и при секој тркачки викенд инженерите треба да најдат добар сет-ап на болидот со компромис на потисната сила која е посакувана низ тесниот и кривулест дел, но, непосакувана на правците, каде што болидот треба да постигне што е можно поголема максимална брзина.
Како и секогаш во Ф1, деталите се тие што ја прават разликата, а ризикот од сообраќај и излегување на безбедносното возило исто така се фактор на брзата и компактна патека Интерлагос.
Временските услови често се непредвидливи, но тие се најинтересни за нас гледачите, но ноќна мора за тимовите кои треба да ја погодат вистинската стратегија и што е поважно одлуките да се донесат во вистинскиот момент.
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Најдобрите услови на патеката ги видовме на крајот од петокот, но тие беа целосно ресетирани од дождот што врнеше преку ноќта."
"Како резултат на тоа, времињата по кругови не само што беа побавни од вчера, туку и од еквивалентните сесии минатата година. Силниот ветер, исто така, беше вистински предизвик во однос на балансот на болидите."
"Сепак, во квалификациите, конечно ја видовме разликата во перформансите помеѓу жолтите и црвените гуми, која беше проценета на околу две до три десетинки од секундата, во согласност со нашите симулации."
"Уште еднаш влегуваме во викенд каде што нема да има голема временска разлика помеѓу стратегијата со едно запирање и две запирања во бокс за промена на гуми. Ако се одлучите за едно запирање, најдобриот избор би се чинел црвени и жолти, иако разликата е доста маргинална поради стапките на абење."
"Ниските температури на патеката го отежнуваат доведувањето на белите гуми во точниот температурен прозорец, а оваа смеша, исто така е повеќе погодена од недостатокот на прилепување на асфалтот."
"Најдобрата опција е старт на црвените гуми, релативно рано застанување во бокс за жолтите гуми, помеѓу 24-тиот и 30-тиот круг. Стапката на абење на задните гуми е доволна за да има влијание врз тракцијата, па затоа црвените гуми бараат внимателно манаџирање."
"Опциите со два пит-стопа ги вклучуваат најмеките смеши, почнувајќи со црвените, за да се добие почетна предност, пред да се премине на жолти за средниот стинт, а потоа да се бира помеѓу истите смеши за финиш на трката."
Во саботата, Ред Бул го промени подесувањето на болидот на Макс Ферстапен пред квалификациите, но тоа не функционираше, и тој беше елиминиран во првиот сегмент од квалификациите, откако го забележа 16-то најбрзо време.
Во обид да ја подобрат ситуацијата, тимот одлучи повторно да ги промени поставките пред трката, кршејќи ги правилата на затворениот паркинг, што е казниво со стартување од пит-линијата. Искористувајќи го ова беше заменета и Хонда ПЕ во неговиот болид.
Естебан Окон доби нов мотор со внатрешно согорување. За да го постигнат ова, механичарите на Хас мораа да ги прекршат прописите на заторен паркинг, па како казна, Французинот ќе стартува од пит-линијата, како и Макс Ферстапен.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА ЗА ГН НА САО ПАУЛО
11/09/2025 12:50:00 PM
0
Share to other apps











