Фред Васер, тимскиот шеф на Ферари, ги критикуваше медиумите за ширење неосновани гласини за неговиот понатамошен ангажман во тимот од Маранело.
Французинот истакнува дека печатот бил доста угнетувачки кон нив, а исто така и кон Макс Ферстапен, во последните недели, нешто што воопшто не му се допаднало.
Всушност, Васер ги обвини медиумите дека неговите разговори за продолжување на договорот со Ферари се одвивале побавно од очекуваното.
Тој е убеден и сигурен дека без многуте гласини по трката во Канада, неговиот нов договор ќе беше објавен многу порано, но сите шпекулации засновани на ништо создадоа конфузија што воопшто не беше пријатна.
Иако не сака да ги стави сите новинари во еден кош, Васер се жали дека интернетот донесе поагресивна форма на новинарство, со поголема потреба за кревање бучава и привлекување внимание.
Сите гласини што се појавија од Канада, кои сугерираа дека 2025 година ќе биде неговата последна година во Ферари, многу го разбеснија, иако на крајот го обнови договорот за да продолжи да го води Ф1 тимот.
"Гласините предизвикаа конфузија. Јас не ги раширив, медиумите го направија тоа. Ниту Ферари ниту јас не кажавме ништо, но овие денови не можете да избегнете ваков вид бучава. Не сакам да ги ставам сите новинариво еден кош, но со интернетот, новинарството стана многу поагресивно. Постои притисок да се генерираат кликови."
"Кога овие гласини првпат се појавија во Канада, бев толку лут бидејќи отидоа предалеку. Мојот технички директор, Лоик Сера, беше обвинет дека не ја завршил добро работата, но болидот за 2025 година беше практично готов кога тој почна да работи за нас."
"Ова има влијание врз тимот. Во Италија, луѓето реагираат поемотивно. Без целата оваа врева, моите разговори со Ферари ќе одеа многу побрзо."
Васер, исто така, истакнува дека медиумите не само што вршеле притисок врз Ферари, туку и врз Макс Ферстапен. Французинот се потсетува на сите гласини и бучава околу заминувањето на актуелниот шампион во Мерцедес АМГ, само за на крајот да остане во Ред Бул.
Истото се случи пред една година и со Чарлс Леклер, кој на крајот објави дека ќе остане во Маранело до 2029 година.
"Приказната со Чарлс Леклер беше слична. Некои луѓе редовно пишуваа дека Чарлс заминува во Мерцедес АМГ. На никој не му беше гајле што тој постојано потврдуваше дека има долгорочен договор со Ферари."
"Овие работи можат да ги натераат луѓето да го изгубат фокусот. Погледнете го Ред Бул, што се случи во последните недели, а имаше само гласини за Ферстапен."
ФРЕД ВАСЕР: МЕДУМИТЕ РАБОТЕА ПРОТИВ ФЕРАРИ И МАКС ФЕРСТАПЕН
8/19/2025 11:06:00 PM
0
Share to other apps