Tuesday, May 29, 2012

ИЗБЕГНАТИ НОВИ КОНТРОВЕРЗИИ ВО ФОРМУЛА 1 СПОРТОТ

ФИА треба да пресече до трката во Канада !!!
Формула 1 во неделата избегна нови контроверзии кога се закануваше официјален приговор против новиот под на болидот на Ред Бул, т.е. победникот на трката Марк Вебер и Себастијан Ветел на четвртото место. Официјалниот приговор беше најавуван од шефовите на Мекларен и Ферари во неколку наврати, а Мартин Витмарш имаше состанок со Стефано Доменикали во просториите на Ферари.

Поминале многу време во разговор, но на крајот било договорено да не се оптоварува викендот во Монако со контроверзии и ова прашање со помош на ФИА да се реши зад затворени врати пред следната трка во Канада.

Официјалната потврда за такво нешто стигна од портпаролот на ФИА:
" На Ред Бул сеуште не им е речено да направат промени на својот болид. Сепак, постои разлика во мислења околу толкувањето на прописите, која ние имаме намера да ја разјасниме во текот на наредниве неколку дена."

Повеќе угледни и високи членови на ФИА и Формула 1 менаџментот останаа во Монако уште два дена каде дискутираат за правилата и буџетите за 2013 година. Поголемиот дел од тимовите се за намалување на трошоците за следната сезона, бидејќи многу од нив се соочуваат со сериозни тешкотии во своето финансирање. 

Целта е да се добие мнозинство од осум гласови пред крајниот рок 30 јуни, со цел намалување на трошоците да важи од следната година. Ова значи дека за овој предлог треба да гласаат тимовите на Мерцедес АМГ, Мекларен, ако Ред Бул и Ферари заедно со нивните сестрински тимови Торо Росо и Заубер решат да го бојкотираат овој предлог. 

Ред Бул е тимот што најмногу се противи на заложбите за контрола на трошоците, став кој доведе до нивно напуштање на ФОТА, заедно со три други тимови, вклучувајќи го и Ферари. Работната група на ФИА ќе се состане оваа недела да дискутира околу оваа тема и се ќе биде разјаснето пред трката во Канада.

Sunday, May 27, 2012

2012 МОНАКО ГП: ВЕБЕР ИСКУСНО ДО ПОБЕДАТА

Хаотичен старт на денешната трка по извртувањето на Р.Грожан
Марк Вебер е Победик на Големата Награда на Монако. Ова беше негова втора победа во кнежевството во период од три години и стана шестиот различен победник во исто толку трки од оваа сезона.

Стартувајќи од Пол позицијата по казната на Михаел Шумахер, Вебер рутински со многу искуство ја одржуваше својата предноста на чистата патека пред него и покрај единственото влегување во боксовите, завршувајќи ја трката пред Розберг, Алонсо и тимскиот колега Ветел. 

Уште со стартот на трката дождот беше стално најавуван, но засили малку во финалните осум круга, баш кога гумите на водечките болиди почнаа да не работат како треба. Тоа допринесе водечките шест болиди да формираат мини воз, предводен од Вебер, Розберг, Алонсо, Ветел, Хамилтон и Маса. Но, како што дождецот слабееше, темпото на Австралијанецот се зголеми и тој беше во можност да ја забележи својата прва победа во 2012 сезоната.

Денес не гледавме баш многу интересна трка, освен хаотичниот старт кога беа елиминирани неколку кандидати за подиумот. Роман Грожан имаше слаб старт, па следуваше допир со Алонсо, што го отфрли во болидот на Михаел Шумахер, неговата амортизација беше уништена, а потоа следуваше негово извртување на влез во Sainte Devote. Шумахер беше во можност да продолжи и беше на седмо место кога поради проблеми со притисокот на горивото мораше да се паркира во својата гаража.


Во налетот на болиди сите успеаа да го избегнат Французинот, освен Камуи Кобајаши со Заубер, кој имаше мал лет во воздух, за подоцна се повлече од трката поради оштетена амортизација.

Потоа следуваше победникот од Барселона, Пастор Малдонадо, кој направи погрешна проценка кога треба да закочи и директно удри во задниот дел на болидот на ХРТ со Педро де ла Роса во него, а потоа следуваше излегување на безбедносното возило.

Кога тоа се повлече од патеката, Марк Вебер како што кажавме и претходно го одржуваше своето водство стекнато од самиот старт. Ветел со стратегијата да започне со меките гуми и со планиран еден пит-стоп, успеа да дојде до шестото место започнувајќи ја трката од 10-тата позиција.

И оваа трка ни покажа дека претекнувањето на оваа патека речиси е невозможно, па трката ја решаваа пит-стоповите и одбраната стратегија за гумите. Розберг беше првиот што влезе во бокс по нов сет гуми, а потоа следеа Вебер и Хамилтон два круга подоцна. Следуваше навалица од болиди во боксовите, момент кога Алонсо го помина Хамилтон благодарение на брзата работа на механичарите на Ферари.

Џенсон Батон незабележителен на оваа трка и не успеа да направи каков било напредок со вториот болид на Мекларен. Поголемиот дел од трката го помина обидувајќи се да го помине Хеики Ковалаинен со Катерам, при тоа имаше едно извртување и кога на крајот успеа во неговите напори, мораше да ја заврши трката пред време паркирајќи се во боксот. Разочарувачки ден за тимот на Лотус, Грожан стартуваше од четвртата позиција, но помина само неколку метри пред да ја заврши трката, а Кими заврши дури деветти. Денес работите едноставно не се одвиваа како треба за нив. Лотус освои најмногу поени од сите во последните две трки, но денес освои само два поени.

Во не многу интересна трка Вебер стана шестиот различен победник во исто толку трки во оваа досега најинтересна сезона во Формула 1 Шампионатите. За две недели следува трката за Големата Награда на Канада, каде се надеваме дека ќе го имаме и седмиот различен возач како Победник.
Голема Награда на Монако, Монте Карло.
78 круга, 260.520км.,Време: облачно.

ПЛАСМАН:
П.     ВОЗАЧ              ТИМ                    ВРЕМЕ   
 1. Марк Вебер          Ред Бул               1ч46:06.557
 2. Нико Розберг        Мерцедес АМГ           +    0.643
 3. Фернандо Алонсо     Ферари                 +    0.947
 4. Себастијан Ветел    Ред Бул                +    1.343
 5. Луис Хамилтон       Мекларен               +    4.101
 6. Фелипе Маса         Ферари                 +    6.195
 7. Пол Ди Реста        Форс Индија            +   41.500
 8. Нико Хулкенберг     Форс Индија            +   42.500
 9. Кими Раиконен       Лотус                  +   44.000
10. Бруно Сена          Вилијамс               +   44,500
11. Серџо Перез         Заубер                 +   1 круг
12. Жан-Ерик Верн       Торо Росо              +   1 круг
13. Хеики Ковалаинен    Катерам                +   1 круг
14. Тимо Глок           Марусија               +   1 круг
15. Нараин Картикејан   ХРТ                    +  2 круга

Најбрз Круг:Серџо Перез - 1:17.298

БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач                  Тим          При круг
Џенсон Батон         Мекларен         71
Даниел Рикардо       Торо Росо        66
Чарлс Пик            Марусија         65
Михаел Шумахер       Мерцедес АМГ     64
Виталиј Петров       Катерам          16
Камуи Кобајаши       Заубер            6
Педро де ла Роса     ХРТ               1
Пастор Малдонадо     Вилијамс          1
Роман Грожан         Лотус             1


Генарален пласман по 6 трки:
Возачи:                    Конструктори:             
 1. Ф.Алонсо       76      1. Ред Бул        146
 2. С.Ветел        73      2. Мекларен       108
 3. М.Вебер        73      3. Ферари          86
 4. Л.Хамилтон     63      4. Лотус           86
 5. Н.Розберг      59      5. Мерцедес АМГ    61
 6. К.Раиконен     51      6. Вилијамс        44
 7. Џ.Батон        45      7. Заубер          41
 8. Р.Грожан       35      8. Форс Индија     28
 9. П.Малдонадо    29      9. Торо Росо        6
10. С.Перез        22
11. П.Ди Реста     21
12. К.Кобајаши     19
13. Б.Сена         15
14. Ф.Маса         10
15. Н.Хулкенберг    7
16. Ж.Верн          4
17. М.Шумахер       2
18. Д.Рикардо       2

Saturday, May 26, 2012

2012 МОНАКО ГП: ШУМИ ВООДУШЕВЕН, РОС БРАУН ЗАПЛАКА


Михаел Шумахер беше подобар за 0.080с. од  Вебер за најбрзото време на денешните квалификации, но Германецот ќе започне од шестата позиција, додека Големата Награда на Монако, која стартува утре во 14 часот, Марк Вебер ќе ја започне од првата позиција. Ова е најдобриот резултат во квалификациите за Шуми по неговото враќање во Формула 1.

"Како прво, јас сум повеќе од задоволен со Пол позиција во Монако. Монако за сите нас е посебна патека во календарот, и ова е многу престижна позиција. Освојувањето на Пол позицијата, по се она што ми се случуваше во изминатите две и пол години, е навистина неверојатно и ќе биде запамтена како една од најдрагите за мене. Уште на прес конференцијата во средата, реков дека ќе се обидам да дојдам до Пол позицијата и дека трката ќе ја започнам од шестата позиција, и дека јас ќе сторам сé што е можно да Победам на оваа трка. Тоа е причината зошто сум тука, мојата цел е да Победувам. Благодарност до целиот тим, посебно момците кои работат блиску со мене и оваа Пол позиција повеќе не охрабрува".

Рос Браун, кој работи со Шумахер уште од почетокот на деведесеттите години, уште од времето на Бенетон, признава дека заплакал по Пол позицијата на Шумахер. 

"Морам да признаам дека плачев. Тој се соочи со тешки моменти по неговото враќање, и ова денес беше извонредно возење. Тој беше добар од почетокот на викендот, работевме на подесувањето на болидот како и симулации на трката, но на квалификациите денес дојде до израз нашата напорна работа. Казната од Барселона е фрустрирачка, но не можевме да направиме ништо подобро. Минатата година на оваа трка имавме проблем со гумите, па тоа ќе биде нашиот следен предизвик. Да бидам искрен не зависи се од гумите. Може да се обидете да создадете методологија, но понекогаш таа работи во ваша корист, понекогаш не. Лотус во четвртокот се чинеше непобедлив, а денес е сосема поинаку, ќе видиме што ќе се случи утре".

2012 МОНАКО ГП: ШУМИ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈАТА, НО НЕ СТАРТУВА ПРВ !!!

Шуми потсети на неговите најдобри денови !!!
Михаел Шумахер беше најбрз на квалификациите во Монако, но Марк Вебер ќе стартува од Пол позицијата поради казната од пет стартни места на Германецот поради судирот со Бруно Сена во Барселона.

Поради оваа казна ова нема да се брои како првата Пол позиција по неговиот Формула 1 кам-бек, а тоа ќе го искористи Вебер, кој беше 0,08 секунди послаб па ќе стартува од првата позиција во Монте Карло по втор пат во неговата Ф1 кариера. Тимскиот колега на Шуми, Нико Розберг, го заокужи денешниот победнички подиум.

Во најинтересната Q3 сесија до сега, на почетокот го видовме Розберг на на привремената прва позиција, а Роман Грожан и Луис Хамилтон исто така изгледаа брзи на патеката. Во текот на вторите кругови Марк Вебер ја презеде од Розберг привремена пол позиција, која му беше одземена од Шумахер на крајот од сесијата, а додека Хамилтон стигна само до четвртата позиција.

Роман Грожан беше разочаран од само 5-тата позиција пред денес изненадувачки бавните (најавуваа борба за Пол позицијата) болиди на Ферари и тоа Фернандо Алонсо и Фелипе Маса, кој конечно забележа сигурен пласман во Најбрзите десет. Следува Кими Раиконен со вториот болид на Лотус, кој овој викенд никако да го најде вистинскиот сет-ап на болидот.

Истиот проблем го имаше и Себастијан Ветел па од тимот на Ред Бул одлучија да не поставуваат време со цел да ги заштедат гумите. Сепак тој ќе стартува како деветти, бидејќи 9-тата позиција на Пастор Малдонадо по казната од десет места ќе стане 19-та.

Најголемо изненадување на денот можеби е неуспехот на Џенсон Батон да се пласира во Топ 10 и ќе стартува од 13-тата позиција. Најголемиот малер денес беше, Жан-Ерик Верн кој удри во бариерата покрај патеката при неговиот брз круг, на излезот од тунелот, и направи значајна штета на десната задна амортизација, а неговото предно крило заврши во повеќе делови разлетани на асфалтот во Монте Карло. При ова за малку само што не настрада и Фелипе Маса и со крајни маки успеа да избегне контакт.

По инцидентот со Малдонадо на денешниот тренинг Перез повторно ја загуби контролата врз својот болид, се судри со бариерите и го предизвика единственото црвено знаме на денешните квалификации. Тој ќе стартува последен, 24-ти, зад болидите на Катерам, МАрусија и ХРТ, иако на Хеики Ковалаинен му фалеа само 0.050с. за влез во Q2.
 П.    ВОЗАЧ                ТИМ                   ВРЕМЕ      РАЗЛИКА  
 1. Михаел Шумахер         Мерцедес АМГ          1:14.301   
 2. Марк Вебер             Ред Бул               1:14.381   + 0.080
 3. Нико Розберг           Мерцедес АМГ          1:14.448   + 0.147
 4. Луис Хамилтон          Мекларен              1:14.583   + 0.282
 5. Роман Грожан           Лотус                 1:14.639   + 0.338
 6. Фернандо Алонсо        Ферари                1:14.948   + 0.647
 7. Фелипе Маса            Ферари                1:15.049   + 0.748
 8. Кими Раиконен          Лотус                 1:15.199   + 0.898
 9. Пастор Малдонадо       Вилијамс              1:15.245   + 0.944
10. Себастијан Ветел       Ред Бул               без поставено време
Q2 Најбрзо време: Фелипе Маса 1:14.911                       Разлика
11. Жан-Ерик Верн          Торо Росо             1:26.429   + 0,960
11. Нико Хулкенберг        Форс Индија           1:15.421   + 0,510
12. Камуи Кобајаши         Заубер                1:15.508   + 0,597
13. Џенсон Батон           Мекларен              1:15.536   + 0,625
14. Бруно Сена             Вилијамс              1:15.709   + 0,798
15. Пол ди Реста           Форс Индија           1:15.718   + 0,807
16. Даниел Рикардо         Торо Росо             1:15.878   + 0,967
17. Жан-Ерик Верн          Торо Росо             1:16.885   + 1,974
Q1 Најбрзо време: Нико Хулкенберг 1:15.418                  Разлика
18. Хеики Ковалаинен       Катерам               1:16.538   + 1,120
19. Виталиј Петров         Катерам               1:17.404   + 1,986
20. Тимо Глок              Марусија              1:17.947   + 2,529
21. Педро де ла Роса       ХРТ                   1:18.096   + 2,678
22. Чарлс Пик              Марусија              1:18.476   + 3,058
23. Нараин Кaртикејан      ХРТ                   1:19.310   + 3,892
24. Серџо Перез            Заубер                без поставено време
107% Време: 1:20.697

Friday, May 25, 2012

Бреакинг Њуз: СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ ОД МОНАКО

 Еден тивок петок во Монте Карло!!!
Специјален извештај од Монако, во потрага по одговор зошто во петокот нема тркање низ улиците на ова кнежество?

Монако ГП е еден од најдобрите трки без престигнување во Формула 1 календарот. Исто така ова е една од невообичаените трки од сезоната по тоа што првите тренинг сесии се одвиваат во четвртокот, а тимовите имаат слободен ден во петок. Но, зошто е ова така?

"Па тоа е пелфектно јасно "-изјави еден Ф1 инженер. "Има нешто, како, пазарот, хик... нешто. Пазарен ден, да, да, во петокот. Ете зошто. Дали е тоа вашиот пијалок? Што? Хик, тоа мора да е мојата чаша. На здравје! "

Пазарен ден во петок, звучеше како веродостојно причина, но сигурно Монако може да се откаже од пазарот, кога е гран при викендот ?!?

"Што рековте? Пазал? ", рече еден член на друг тим. "О, рековте пазар. Да колега, хик, да некои легенди за некој стар пазар. Но, не тоа не е вистинската причина за да нема, знаеш, не, брмммммммм, нема возење, брмм на ... на ... на ... кој ден рековте? Не колега, тоа е вашиот пијалок или мој колега ... значи ...мислам дека нема возење во петок поради законите, нели. Петок е "тивок ден" во Монте Карло, хик ... или нешто така. Да. Закони, друже. Закони. На здравје! "

Со кралското семејство толку тесно вклучено во трката се чини чудно што тие не можеле да ги променат законите за да се овозможи Ф1 да се одвива во петок. Во нашата потрага да се најде вистински одговор, сретнавме еден познат поранешен возач кој побара за нас да не го именуваме и да не зборуваме за тоа колку повраќаница излезе од него по нашето интервју.

"Нема акција во петокот бидејќи ...хмммммммм ... ЕЈ! Мигел! Мигел! Може да добиеме уште една рунда со колегава. На здравје! Аххх, Да, она што треба да се запамети, нели, е дека Формомула 1, да, е многу, многу, многу, многууууууууууу ... хммммммм ... комплицирана. Нели? Значи, тимовите, да, тие имаат потреба од еден екстра ден, да, знаеш, хммм... да работат тимски нешта. Нели? Како се викавте Стив? Не? Ох, некој ми кажа дека така се викате... хмммм ... а тоа е вашиот пијалок или мојот? Мојот? Ах! На здравје! "

Продолжуваме понатака по улиците на Монко, а музиката одекнува од многуте јахти во пристаништето, а вистинската тајна за петокот останува да ја откриете сами.