Оскар Пјастри беше непобедлив на трката за Големата Награда на Белгија, обезбедувајќи уште една победа и зголемувајќи ја својата предност на врвот на табелата кај возачите.
Непредвидливиот Ландо Норис обезбеди еден-два за Мекларен, а Чарлс Леклер го задржа Макс зад себе и го комплетираше победничкиот подиум.
Едно е јасно, Формула 1 денес не може да се вози на дожд! Срамота! По долгото чекање да престане да паѓа дожд, трката започна зад безбедносното возило и по три круга имавме летечки рестарт на истата.
Едно е јасно, ова не беше една од најспектакуларните трки во историјата на Формула 1.
Во првиот вистински круг, Оскар Пјастри го помина Ландо Норис, по рецептот на Макс од вчерашниот спринт, и борбата за победа заврши тука, бидејќи Британецот не можеше да одговори.
Чарлс Леклер успеа да го задржи Макс Ферстапен на стартот и во текот на целата трка, што му донесе место на подиумот.
Холанѓанецот беше особено борбен на влажно време, благодарение на неговата поставеност, но патеката брзо се исуши, па тој остана на четвртото место, пред Џорџ Расел, кој заврши петти.
Алекс Албон го одбрани заслуженото шесто место за Вилијамс откако го задржа Луис Хамилтон зад себе во поголемиот дел од трката.
Британецот во Ферари брзо напредуваше повеќе места, поради поставеноста на болидот за влажна патека, но кога таа се исуши се најде заглавен зад Вилијамс.
Лиам Лосон, Габриел Бортолето и Пјер Гасли го комплетираа списокот со освојувачи на поени.
Следната недела, првиот дел од сезоната ќе заврши со трка на Хунгароринг.
БИТКАТА ВО МЕКЛАРЕН СЕ ВЖЕШТУВА, ПЈАСТРИ ГО ПОБЕДИ НОРИС ВО ПРВИОТ ВИСТИНСКИ КРУГ
7/27/2025 02:23:00 PM
0
Share to other apps




