Кими Антонели е победник на Големата Награда на Кина. Италијанецот ја покажа силата на Мерцедес АМГ против тимот на Ферари, кој парира на почетокот на секоја трка, и ја обезбеди својата прва победа во Формула 1.
Моментот за срцев удар, кој самиот го спомена, кога ги блокира тркалата на три круга до крајот, оставаат сомнежи дали е подготвен да се бори со тимскиот колега за шампионската титулата.
Луис Хамилтон овој пат победи против Чарлс Леклер, стигнувајќи до победничкиот подиум за прв пат со Ферари. Карлос Саинц Јр. освои два вредни поени со Вилијамс, што е уште еден доказ за моќноста на Мерцедес ПЕ.
Како што се очекуваше, болидите на Ферари имаа одличен старт, а Луис Хамилтон се искачи на првото место. Но, Кими Антонели не се двоумеше ниту за момент и му беа потребни само два круга за да премине во водство.
Оттогаш, Италијанецот ја водеше трката многу добро, со исклучок на неколку мали, но незгодни грешки, и не даде шанса никому.
Неговата прва победа во Формула 1 и прво предупредување за Џорџ Расел, кој денес се мачеше малку повеќе од вообичаеното за да заврши втор.
Луис Хамилтон, исто така, покажа заби кон Леклер за да ја заврши трката на третото место и да се искачи на подиумот за прв пат како возач на Ферари.
Останува да видиме, дали по први јуни ќе имаме промена на силите, кога ќе стапат новите правила за мерење на компресијата. Особено сега кога двете трки во Бахреин и Џеда се откажани. Трката и надвор од патеките, за развој на болидуте, ќе биде клучна.
Со возачите на Мекларен надвор од трката пред таа дури и да започне, петтото место беше реална цел за возачите од средниот ред. Таа петта позиција му припадна на Оливер Берман, кој дури имаше брзина да го победи Макс Ферстапен, пред Холанѓанецот да се откаже поради проблеми со болидот.
Пјер Гасли заврши шести, пред Лиам Лосон, Исак Хаџар и Карлос Саинц Јр., кој успеа да го задржи Франко Колапинто во последните неколку кругови со многу истрошени бели гуми за да освои два бода за Вилијамс.
Втората трка од 2026 сезоната беше Големата Награда на Кина, викенд кој се одвиваше во спринт форматот.
Возачите на Мекларен имаа проблеми и не можеа дури ни да стартуваат трката, исто така и, Габриел Бортолето и Алекс Албон.
Температурата на патеката беше 24 степени Целзиусови, а Пирели предвиде дека стратегијата со еден пит-стоп е теоретски најбрза за поминување на тркачкото растојание.
Стартот на Ферари повторно беше извонреден. Луис Хамилтон го презеде водството во првиот свиок, претекнувајќи го Кими Антонели од надворешната страна, кој добро се бранеше против Чарлс Леклер.
Џорџ Расел падна на четвртото место, пред Пјер Гасли и Франко Колапинто. Исак Хаџар се изврте, а возачите на Рејсинг Булс се појавија веднаш зад болидите на Алпин. Естебан Окон и Карлос Саинц Јр. го комплетираа топ 10 поредокот.
Мерцедес АМГ ја научи лекцијата од вчера. На Кими Антонели му беа потребни само неколку круга за да го престигне Луис Хамилтон и не му даде никаква шанса да возврати.
Италијанецот го направи претекнувањето на стартниот правец, во вториот круг. Кратко потоа, во првиот свиок во третиот круг, Џорџ Расел го престигна Чарлс Леклер, а на истото место, но еден круг подоцна, го престигна и Луис Хамилтон.
Мерцедес АМГ веќе имаше провизорна еден-два победа на почетокот од четвртиот круг, а Ферари немаше никаква шанса да одговори.
Возачите на Алпин ги држеа петтото и шестото место, додека Естебан Окон веќе беше седми, веднаш пред Рејсинг Булс, Макс Ферстапен, со уште еден катастрофален старт, и Карлос Саинц Јр..
Во десеттиот круг, неколку возачи, Лиам Лосон, Макс Ферстапен и Карлос Саинц Јр., решија да ги променат своите почетни гуми и се упатија кон боксевите.
Ова се случи само неколку секунди пред болидот на Ленс Строл да застане во првиот свиок, предизвикувајќи излегување на безбедносниот автомобил, што беше многу незгодно за нив.
Четирите водечки возачи и многу други, со исклучот на Колапинто, Окон, Линдблад, Хулкенберг и Алонсо, кои беа на бели гуми, ја искористија ситуацијата за да ги променат своите гуми.
Рестартирањето се случи во 14-от круг, а Антонели го задржа водството пред Колапинто и Окон. Понатаму, Џорџ Расел имаше проблеми со загревање на белите гуми, па Хамилтон усеа да го претекне по излезот од шестиот свиок, а кратко потоа беше престигнат и од Чарлс Леклер.
Луис Хамилтон, и покрај тоа што мораше да ги претекнува Колапинто и Окон, ја намали разликата со Кими Антонели, но откако белите гуми ја достигнаа работната температура се си дојде на свое место за возачите на Мерцедес АМГ.
Чарлс Леклер беше две секунди зад својот тимски колега, а Џорџ Расел кој се врати во трката, прво ги престигна Окон и Колапинто.
Пред него се најдоа возачите на Ферари, кои имаа забавна битка со неколкукратна размена на позициите. Откако Британецот реши дека доволно се забавуваа лесно ги претекна за да се врати на второто место.
Оттогаш, Расел се обидуваше да направи разлика помеѓу себе и возачите на Ферари, кои продолжија да се забавуваат претекнувајќи се меѓусебно.
Кими Антонели веќе имаше осум секунди предност на првото место, без да ги форсира пневматиците на Пирели. Џорџ Расел пак брзо изгради три секунди предност пред Ферарите на Чарлс Леклер и Луис Хамилтон.
Колапинто и Окон беа во тесна битка, која заврши со контакт и казна за Французинот од десет секунди.
Интересно е што Луис Хамилтон во 35-от круг преку тимското радио изјави дека му недостасува моќност и дека бара повеќе од пит-ѕидот, и кратко потоа, британецот го престигна својот тимски колега.
Но, Чарлс Леклер иако првично не попушташе, во еден момент дали по сопствено убедување или по претходен договор со тимот, се откажа од битката за мирен крај за тимот од Маранело.
Во меѓувреме, Берман беше на петтото место, држејќи го Макс позади себе, додека Гасли, Лосон, Хаџар и Саинц Јр. беа во пласман на освојувачи на поени.
Во 46-от круг, Макс Ферстапен мораше да се откаже од трката по проблемите со болидот, па сите што беа позади него наследија едно место, а Франко Колапинто влезе во зоната на поени.
Во последните кругови, немаше промени во позициите, единствено Карлос Саинц Јр. мораше да се брани од Аргентинецот во болидот на Алпин.
На крајот, Италијанецот ја забележа својата прва Победа во Формула 1 шампионатот, додека Џорџ Расел се погрижи за нова двојна победа за Мерцедес АМГ.
Луис Хамилтон се искачи на победничкиот подиум за прв пат со Ферари во неговата 26 трка со црвениот тим. Чарлс Лекелр мораше да се задоволи со четвртото место.
Оливер Берман ја заврши трката како најдобар од останатите, пред Пјер Гасли, Лиам Лосон и Исак Хаџар.
Карлос Саинц Јр., кој со многу истрошени бели гуми, беше загрозен од Франко Колапинто во последните кругови, успеа да финишира на деветтото место, пред Аргентинецот.
АНТОНЕЛИ ДО ПРВА Ф1 ПОБЕДА, ЛУИС СО ПРВ ПОДИУМ СО ФЕРАРИ
3/15/2026 11:16:00 AM
0
Share to other apps




