За првата тренинг сесија во годината, патеката Алберт Парк беше многу "зелена" со температура од 35 степени. Нико Хулкенберг беше првиот возач што излезе на патеката, по што следеа и останатите возачи.
По само две минути се случија првите инциденти. Оскар Пјастри ја загуби моќноста на Мерцедес ПЕ, а на Арвид Линдблад му изгаси болидот на излез од боксот.
Мекларен успеа да ги реши проблеми на болидот на Австралиецот, по што непречено ја продолжи сесијата, но механичарите на Арвид Линдблад мораа да го туркаат болидот до негоата гаража од крајот на пит-линијата.
По прв пат оваа сезона беше воведен режим на виртуелно безбедносно возило. Макс Ферстапен беше првиот што постави посеризно време од 1:22.920, што беше пет секунди зад минатогодишното најбрзо време на првиот тренинг.
Ландо Норис пријави проблеми со менувачот, а Хонда објави дека Фернандо Алонсо нема да може да учествува во сесијата поради проблем со погонската единица.
Ферстапен намали на 1:22.305, а Чарлс Леклер набрзо го следеше со 1:22.322, додека Кими Антонели и Исак Хаџар беа во опсег од 1:22, а Луис Хамилтон имаше време од 1:23.032. Сите беа на жолтите гуми.
Првиот што ја проби бариерата од 1:22 беше Исак Хаџар со 1:21.888, но Чарлс Леклер брзо одговори со 1:21.635. На крајот од неговиот прв стинт, 14 круга на жолти гуми, Моначанецот го подобри своето време на 1:21.227 и беше најбрз, со Макс Ферстапен една десетинка зад него, Исак Хаџар две десетинки и Луис Хамилтон четири десетинки. Овие четворица беа единствените во границите на 1:21.
Ленс Строл, својот настап го заврши по само три комплетирани круга, и многу нерепрезентативно време.
Во втората половина од тренингот, Џорџ Расел беше првиот што излезе на најмеката смеша на Пирели, но забележа скромно време на црвените гуми, 1:22.117. Оттогаш, и останатите возачи се одлучија за црвените гуми.
Макс Ферстапен беше првиот што ја проби бариерата од 1:21 со време од 1:20.908, но Чарлс Леклер брзо го врати водството со 1:20.829. Исак Хаџар беше одличен со време од 1:21.087, а Хамилтон имаше 1:21.295.
При вториот обид со црвените гуми, Макс Ферстапен постави време од 1:20.789, а Леклер не можеше да го подобри своето време и покрај тоа што го обои првиот сектор во виолетова боја, па четирикратниот холандски шампион ја доби оваа мини битка за 40 илјадити делови од секундата.
Сепак, сè се промени на табелата кога Луис Хамилтон оствари време од 1:20.736 со нешто повеќе од десет минути до крајот, победувајќи го Макс за 53, а Леклер за 93 илјадити делови од секундата.
Веднаш по кругот на Хамилтон, Вилијамсот на Алекс Албон застана на патеката помеѓу 10-от и 11-от свиок поради проблем со хидрауликата, по што беше воведен режим на виртуелно безбедносно возило.
Кога се чинеше дека сè ќе заврши така, Леклер во последните неколку минути постави импресивно време од 1:20.267 за да ја заврши сесијата на врвот на табелата.
Најизненадувачкото не е што Леклер беше побрз од Луис Хамилтон за повеќе од четири десетинки од секунда, туку што го направи тоа на црвени гуми кои беа користени 14 круга.
Со 1-2 пласманот возачите на Ферари ги подгреаа надежите на своите фанови. Ферстапен беше трет, половина секунда поназад, пред Хаџар и Линдблад, кој имаше изненадувачки пласман со болидот на Рејсинг Булс.
Следуваа, Оскар Пјастри и возачите на Мерцедес АМГ, но со поставување на најбрзото време во првиот сектор Австралиецот најави дека возачите со Мерцедес ПЕ имаат што да покажат на втората тренинг сесија.
Топ 10 пласманот го комплетираа возачите на Ауди. Возачите на Астон Мартин овој викенд повеќе ќе одмараат, отколку што ќе се во акција на патеката.
Како што најави на првата тренинг сесија, Оскар Пјастри го имаше најбрзото време на денот, кое го забележа на втората тренинг сесија за Големата Награда на Австралија, на која три болиди со мотори на Мерцедес беа во топ 3 поредокот. Веднаш зад Австралиецот беа Кими Антонели и Џорџ Расел.
По првата тренинг сесија во која доминираше Ферари и со само три круга за Астон Мартин, на втората требаше да дознаеме повеќе за редоследот на тимовите, бидејќи се одвива во термин порепрезентативен за квалификациите и неделната трка.
Акцијата повторно ја отвори Нико Хулкенберг. Германецот со болидот на Ауди постави почетно време од 1:23.262. Како и на првиот тренинг, во првите минути имаше проблеми за неколку возачи. Франко Колапинто имаше проблеми на стартниот правец, додека Макс Ферстапен го имаше истиот проблем на Линдбланд, т.е. болидот на Ред Бул изгасна на излезот од пит-линијата.
Возачите на Ферари, Мерцедес АМГ и Мекларенот стартуваа со бели гуми, а Џорџ Расел беше најбрз со 1:21.300, а по него следеа Кими Антонели со заостанување од една десетинка, Луис Хамилтон две и Оскар Пјастри три десетинки.
Ленс Строл излезе на црвените гуми за само два круга, а Фернандо Алонсо сè уште се немаше појавено во акција во првите десет минути од сесијата. Тешки моменти за тимот на Астон Мартин.
Први што паднаа под 1:21 на белите гуми беа Луис Хамилтон, со 1:20.903, и Џорџ Расел со 1:20.984, но потоа Кими Антонели намали на 1:20.801 за врвот на табелата. Сепак, Оскар Пјасти не сакаше да го даде врвот и забележа време од 1:20.638 на белите гуми.
По речиси 15 минути од сесијата, Фернандо Алонсо излезе на патеката во AMR26 со црвени гуми, но се врати во својата гаража без да постави време.
Мерцедес АМГ ја покажа својата моќ, прилично рано од тренинг сесијата. Со останати 40 минути до крајот, Џорџ Расел и Кими Антонели ги монтираа најмеките гуми на Пирели и, секако, се искачија на првото и второто место на табелата со времиња од 1:20.049 и 1:20.227, соодветно.
Во меѓувреме, Луис Хамилтон остана на патеката со белите гуми и го подобри своето време на 1:20.637, победувајќи го Оскар Пјастри за илјадити дел од секундата и станувајќи најбрзиот возач на таа смеша.
Но, сега во центарот на вниманието беа црвените гуми. Кими Антонели, при својот втор обид, го намали своето време на 1:19.943 за да го преземе водството, додека возачите на Ферари не успеаваа да ја поминат бариерата од 1:20.
Фернандо Алонсо се врати на патеката и, барем, можеше да почне да бележи времиња.
Во меѓувреме, битката за врвот беше интригантна. Оскар Пјастри, со импресивно време од 1:19.729, ги победи Антонели за две десетинки, а Расел за три десетинки.
По нив, следеа возачите на Ферари, со Ферстапен на шестото место, а Ландо Норис, и покрај тоа што беше последен што го извозе својот брз круг, се најде на седмото место.
Арвид Линдблад повторно ја покажа својата брзина, особено во вториот сектор, и заврши осми, пред Исак Хаџар и возачите на Хас.
Откако завршија квалификациските симулации, тимовите се фокусираа на подготовка за неделната трка, па така немаше промени на редоследот на табелата до крајот на сесијата.
Долгите возења беа малку попречени од виртуелното безбедносно возило, предизвикано од проблемот со Кадилакот на Серџо Перез.
ПРИЈАВЕНИ НОВИТЕТИ ЗА АВСТРАЛИЈА




















