AUSTRALIAN GRAND PRIX (Melbourne Grand Prix Circuit, Albert Park)
3/06/2011 08:13:00 PM
Кога е изградена патеката?
Договорот Мелбурн да биде домаќин на Формула 1 трка беше склучен во 1993 година, при што беше донесена одлука да се создаде патека која ќе користи дел од постоечките улици околу Алберт Парк, и наменски изграден дел низ паркингот на стадионот Лејксајд.
- Кога беше првата трка?
Само четири месеци откако Аделаида го одржа своето последно Австралиско Гран При на крајот на 1995 година, Формула 1 тимовите се вратија во Австралија за првата трка во Мелбурн на почетокот на 1996 година. Таа трка најчесто се памети по злогласната несреќа на Мартин Брандл кога со болидот на Џордан летна во вис од задниот дел на Зауберот на Џони Херберт.
- Каква е патеката?
Како привремен објект, Алберт Парк може да биде доста нерамен, додека патеката е прилично лизгава на почетокот на викендот, "гумирајќи" се како што одминуваат сесиите. Тоа е, исто така, патека која бара добро средена шасија, со неколку точки на патеката каде што на возачите им е потребен реактивен преден дел за да им се овозможи да го нападнат свиокот. Мелбурн е една од побрзите патеки во календарот, а по нејзиното реновирање во 2023 година Серџо Перез го имаше најбрзиот круг со просечна брзна над 236.8 км/ч.
Share to other apps