Амортизацијата на Формула 1 болидите ги има истите компоненти како и амортизацијата на обичните автомобили, но подредени по малку поинаков редослед. Компоненти на амортизацијата народски кажано се федери, амортизери, рамена и баланштанга. Овој систем е еден од најтајните во Формула 1, иако сите системи функционираат со двојни рамена, систем кој им овозможува на инженерите внимателно да го контролираат движењето на тркалото, со многу можности за подесување. Пред секоја трка, тимот ќе ја подеси амортизацијата за да се осигура дека болидот ќе може безбедно да кочи и безбедно се однесува во кривините, со најголема можна брзина. Добро подесена амортизација овозможува брз болид во кривините. Ова е систем кој ги обединува дејството на силата на моторот, потисната сила креирана од страна на спојлерите и аеродинамичниот пакет, грипот на гумите, и овозможуваа да се има брз болид.
КОЧНИЦИ
Сл.2 |
ГУМИ
Гумите на Формула 1 болидот можеби се најважниот дел на целото возило. Ова можеби изгледа претерано, но гумите се единствените нешта што допираат на површината на тркачката патека. Тоа значи дека сите други значајни системи : моторот, амортизацијата и кочниците ја вршат својата работа преку гумите. Ако гумите не функционираат добро, болидот нема да се претстави добро, без оглед на техничката супериорност демонстрирана во другите системи. Во Ф1 владее изреката дека лош болид со добри гуми може направи многу добра претстава, но со лоши гуми дури и најдобрите болиди немаат никаква шанса за победа. Ова донекаде беше минимизирано кога во 2007 година се воведе еден снабдувач на гуми, но дури и сега, перфектното оптимизирање на врската болид-гуми е врвна уметност. За разлика од обичните гуми за вашиот автомобил, кои се направени за издржливост и може да поминете до 16.000км и повеќе, Ф1 гумите се дизајнирани да издржат околу 200км и како се останато на ф1 болидот да се што полесни, но јаки. Ф1 гумите се направени од многу меки гумени соединенија, кои, како што се загреваат, се лепат за асфалтот, на тој начин обезбедувајќи екстремно голем грип. Всушност, тркачките гуми имаат најдобри резултати при високи температури, па затоа мора да бидат загреани пред тие да бидат подготвени за трка.
Како и секој дел од Ф1 болидот и гуми се високо регулирани. Од сезоната 2009 повторно се вратија мазните гуми, одлука на ФИА што сите тимови ја подржаа со големо задоволство. Секој тим на располагање има два типа на мазни гуми за една Гран При трка. Гуми направени од "помеки" и "потвдри" компоненти. Секој возач мора да ги искористи и двата типа на гуми, во една трка. При дождливи услови, во Формула 1 имаме "интермедиа" и гуми за дожд, кои имаат шари дизајнирани да го канализираат исфрлањето на водата од површината на патеката. Ф1 гумите обично се полни со микс од воздух и азот, со цел да се минимизираат варијациите во притисокот на гумите со промена на температура. Оваа смеса исто така го задржува притисокот подолго време од обичниот воздухот. Оваа сезона имаме промена на единствениот снабдувач на гуми, т.е. местото на Бриџстоун го превзема ПИРЕЛИ. Ќе видиме дали ќе ги исполни очекувањата на Формула 1 спортот.
Минатогодишниот волан на Ферари
ВОЛАНЕдинствено нешто што во Ф1 болидот има малку сличности со обичниот автомобил е воланот. Тој го преставува командниот центар на болидот, и на него се наоѓа голем број на копчиња и прекинувачи, а од задната страна се и лопатките за промена на брзините. Во текот на трката, возачот може да го контролира речиси секој аспект на перформансите на болидот, менување брзини, одредување која мешавина на гориво се користи во даден момент, баланс на кочниците и многу повеќе со само еден допир на прстот. И, за чудо, сето тоа доаѓа во големина на воланот која е околу половина од дијаметарот на воланот на еден нормален автомобил. Правилата наведуваат дека возачот мора да биде во можност да излезе од својот болид во рок од пет секунди, отстранувајќи ништо друго освен воланот. За да се овозможи ова, воланот се приклучува на управувачкиот столб преку "Клик" конектор. Вредноста на еден Ф1 волан е околу 25.000 евра, и речиси за секоја трка се прави нов волан.
Формула 1 е тимски спорт, па еден тим има повеќе од 100 луѓе кои напорно работат за да се постигне добар резултат во секоја сезона, па во наредниот напис ќе обрнеме повеќе внимание на Ф1 тим.
СЛЕДНО: ОСНОВИ НА ФОРМУЛА 1 ТИМОТ