Михаел сака 8-ма Титула, само некако ми е неубедлив дека верува и во новиот Мерцедес W02
Михаел Шумахер е убеден дека тој ќе ја додаде 8-тата Титула Светски Првак на неговото конто и покрај неубедливиот кам-бек во Формула 1 минатата година. Германецот се врати во Ф1 минатата сезона по три години отсуство, но неговите соништа за наоѓање на својот пат назад до пиедесталот на победниците, спласнаа веднаш по неколку извозени трки. Според него најголем проблем му беа карактеристиките на гумите на Бриџстоун. Шумахер покажа знаци на напредок кон крајот на 2010 година, а Мерцедес ГП е убеден дека техничкиот пакет што го имаат за оваа година, му дава реални шанси на Шумахер повторно да атакува на победи. Запрашан дали очекува да биде Шампион за 2011 година, тој изјави:
"Апсолутно. Ние имаме три годишен проект и беше многу јасно дека лани не бевме таму каде што сакаме да бидеме. Ние вложуваме напори и сме оптимисти дека оваа сезона ќе имаме реални шанси за победа. Јас сум сигурен дека ќе можеме да се бориме за победи, можеби и за титулата. Се надевам дека е така. Јас сум тука, имаме поставено мисија пред нас и сакам таа да успее. Знам дека јас ќе дадам 100 проценти за успех, но ако тоа не се случи во 2011 година, тогаш ќе мораме да го направиме тоа во последната година."
Мерцедес ГП ќе претстави својот нов W02 на првиот ден на тест сесиите во Валенсија, следниот вторник.