Хамилтон со чиста победа на Нирбургринг
Луис Хамилтон извозе чиста и паметна трка, и му успеа да дојде до Победата на возбудливата трка за Германското Гран При. Кога ги слушаш советите од својот тим, а не возиш како камиказа, резултатот е тука. Тоа е многу едноставно. Хамилтон го победи Марк Вебер на стартот од трката, што беше и за очекување, а потоа возеше контролирана трка се до победата. Фернандо Алонсо, кој исто така се пласира над своите очекувања, но имаше една грешка, па успеа да стигне до второто место. Грешката ја направи кога му дозволи на Хамилтон да го помине од надворешната страна и беше фатен на спиење од Британецот. Тоа беше грешка која најверојатно го чинеше прво место. Вебер никако да го извлече максимуот на својот болид, па и покрај добрите квалификации не успева да најде доволно конзистентност за пол позицијата ја претвори во Победа. Овој пат беше слободен и немаше никакви тимски наредби.
Сите тројца водечки возачи се одлучија за три посети на боксот, сите беа блиску еден до друг цела трка и беше најважно да се влезе во бокс кога гумите почнуваат да откажуваат и ни момент подоцна за да се извади максимумот од секој сет гуми. Од тимот на Мекларен тоа го изведоа повеќе или помалку до совршенство, но и престинувањето на Алонсо од страна на Хамилтон. Алонсо зачудувачки лесно му дозволи на Британецот да го престигне од надворешната страна. Тоа се покажа како многу важен момент, бидејќи од тогаш Хамилтон ја превзеде контролата врз трката и само ја зголемуваше предноста.
Светскиот Шампион и лидер на сезоната, Ветел, трката ја заврши на четвртото место откако неможејќи да го престигне Маса на патеката, тоа го направија неговите механичари за него во последниот круг. Двајцата беа на стратегии со три застанувања, се бореа на патеката се додека не дојде и претпоследниот круг кога сакале или не мораа да влезат за промена на медиум гумите (кои мора да се икористат во трката, ако не на крајот следува 30 сек. казна). Механичарите на Ред Бул, се покажаа побрзи од механичарите на Ферари и Ветел излезе пред Маса. Но, кога се ќе се земе во обзир ова беше еден необичен ден за младиот Германец на неговата домашна трка. Тој имаше некарактеристични грешки и извртувања, и направи повеќе грешки на оваа трка од колку што имаше цела сезона, дали тоа го совлада тремата и притисокот за добар резултат дома?
За разлика од него, Адриан Сутил, имаше одлична трка на домашната патека, што му го донесе најдобриот пласман сезонава т.е. шестото место со Форс Индија. Тој со стратегија од две застанувањеа во бокс ги победи двата болиди на Мерцедес ГП, Розберг и Михаел Шумахер, кои завршија на 7 и 8 место соодветно.
Последните две места во најдобрите 10 се за Камуи Кобајаши и Виталиј Петров. Јапонецот се искачи за девет места по стартот од 18-тата позиција и освои два поени. Виталиј Петров и на оваа трка покажа дека тешко може да биде престигнат но само со завршница на десето место.
Ник Хајдфелд го имаше најспектакуларното излетување на трката, кога се обиде да го помине Себастијан Буеми од надворешната страна, но бешпе истуркан надвор на влажната трева и тоа беше крај на трката за него. Буеми заврши со дупната гума, а трката ја заврши на 15-то место. После трката е казнет со 5 места назад на квалификациите за Унгарија ГП, која ќе се вози на Хунгароринг веќе наредниот викенд. Поздрав до сите фанови со очекувања за нови Ф1 возбудувања.
ГЕРМАНСКО ГРАН ПРИ; НИРБУРГРИНГ;
60 круга; 308.863км; Време: Облачно.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1ч37:30.334
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ + 3.980
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ + 9.788
4. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ + 47.921
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ + 52.252
6. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА + 1:26.208
7. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
8. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП + 1 круг
9. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР + 1 круг
10. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО + 1 круг
11. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР + 1 круг
12. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО + 1 круг
13. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА + 1 круг
14. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС + 1 круг
15. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО + 1 круг
16. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС + 2 круга
17. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН + 3 круга
18. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН + 3 круга
19. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ + 3 круга
20. КАРУН ЧАНДХОК ЛОТУС + 4 круга
НАЈБРЗ КРУГ: СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ, 1:34.587
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 44
ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 42
РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 23
НИК ХАЈДФЕЛД РЕНО 10
Поредок по 10 поминати трки:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. ВЕТЕЛ 216 1. РЕД БУЛ 355
2. ВЕБЕР 139 2. МЕКЛАРЕН 243
3. ХАМИЛТОН 134 3. ФЕРАРИ 192
4. АЛОНСО 130 4. МЕРЦЕДЕС ГП 78
5. БАТОН 109 5. РЕНО 66
6. МАСА 62 6. ЗАУБЕР 35
7. РОЗБЕРГ 46 7. ФОРС ИНДИЈА 20
8. ХАЈДФЕЛД 34 8. ТОРО РОСО 17
9. ШУМАХЕР 32 9. ВИЛИЈАМС 4
10. ПЕТРОВ 32
11. КОБАЈАШИ 27
12. СУТИЛ 18
13. АЛГУЕРСУАРИ 9
14. ПЕРЕЗ 8
15. БУЕМИ 8
16. БАРИЧЕЛО 4
17. ди РЕСТА 2

