Михаел Шумахер се потсеќа на своите почетоци
Како што прогнозираа метеролозите на првиот слободен тренинг во Спа имавме дожд. Прва и втора позиција за возачите на Мерцедес ГП, Михаел Шумахер и Нико Розберг, кои ги забележаа своите времиња пред да почне да паѓа дождот и до крајот никој не успеа да се доближи до нив.Имаше малку возење во првиот тренинг, дождот започна по 10 минути од стартот, потоа 25 минути никој не излезе на патеката, за потоа да имаме неколку проби на влажната патека, но условите не дозволуваа да се забележат некои посериозни времиња. Во такви услови, двајца возачи завршија во заштитните гуми околу патеката и тоа на исто место. Прво Бруно Сена, а подоцна и Пол ди Реста не ја исконтролираа кривината 9 и го завршија тренингот предвреме.
На влажната патека најбрз беше Џенсон Батон со 2:02.740 секунда побрз од Ветел, а Хамилтон имаше трето време со 0.6 секунди зад Германецот. Задоволителни перформанси на влажна патека од Јарно Трули со болидот на Лотус. Тимовите се надеваат на сува патека за вториот слободен тренинг, бидејќи за трката се прогнозира сончево време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:54.355 13
2. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:54.829 + 0.474 15
3. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 2:02.740 + 8.385 08
4. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 2:03.752 + 9.397 10
5. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 2:04.301 + 9.946 07
6. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 2:04.663 + 10.308 18
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 2:04.728 + 10.373 10
8. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 2:05.391 + 11.036 12
9. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 2:06.583 + 12.228 16
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 2:06.886 + 12.531 15
11. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 2:07.055 + 12.700 12
12. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 2:07.481 + 13.126 15
13. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 2:08.233 + 13.878 14
14. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 2:08.239 + 13.884 14
15. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 2:08.918 + 14.563 10
16. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 2:09.792 + 15.437 08
17. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 2:12.278 + 17.923 13
18. ВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 2:12.389 + 18.034 10
19. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 2:12.772 + 18.417 13
20. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 2:13.058 + 18.703 08
21. КАРУН ЧАНДХОК ЛОТУС 2:13.090 + 18.735 11
22. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 2:13.601 + 19.246 10
23. БРУНО СЕНА РЕНО 2:14.340 + 19.985 07
24. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 2:14.933 + 20.578 11