Вебер донесе мала психолошка предност за Ред Бул
По поројните дождови на утринската сесија, условите значително се подобрија за почеток на вториот слободен тренинг и сите возачите излегоа на патеката од самиот почеток. Михаел Шумахер на почетокот, а подоцна Џенсон Батон, Фернандо Алонсо и Марк Вебер се менуваа на врвот.
Сепак, Спа не би била Спа, ако не заврне дожд па се врати по половина час од почетокот на сесијата. Во тој момент Вебер беше најбрз, пред Алонсо и Батон. Со почетокот на дождот се означи и крајниот редослед за оваа сесија, но тимовите имаа доволно можност да експериментираат со балансот на болидите и употребата на интермедиа и влажните гуми.
Луис Хамилтон заврши како четврт најбрз пред Фелипе Маса и Нико Розберг. Шумахер, кој на првиот тренинг беше на врвот, сега заврши само како 11-ти најбрз веднаш зад Себастијан Ветел. Најдобрите тимови се тука некаде, збиени во половина секунда од Вебер до Хамилтон, а Маса и Розберг веќе заостануваат речиси цела секунда.
Не можеме да се потпреме целосно на овие времиња во прогнозирање на утрешните квалификации, бидејќи никој тим не ги испроба меките гуми, а резултатите на дожд се ирелевантни за споредување. Бидејќи за време на паузата не беше дозволена работа на развој на болидите ситуацијата не е многу променета од последната трка во Унгарија.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:50.321 22
2. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:50.461 + 0.140 18
3. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:50.770 + 0.449 09
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:50.838 + 0.517 09
5. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:51.218 + 0.897 14
6. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:51.242 + 0.921 22
7. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:51.655 + 1.334 20
8. НИКО ХУЛКЕНБЕРГ ФОРС ИНДИЈА 1:51.725 + 1.404 17
9. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:51.751 + 1.430 08
10. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:51.790 + 1.469 13
11. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:51.922 + 1.601 22
12. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:52.750 + 2.429 20
13. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:52.780 + 2.459 25
14. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:52.911 + 2.59 24
15. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:53.009 + 2.688 24
16. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:53.156 + 2.835 17
17. БРУНО СЕНА РЕНО 1:53.835 + 3.514 20
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:55.051 + 4.730 20
19. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:55.494 + 5.173 22
20. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:56.202 + 5.881 15
21. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:56.816 + 6.495 20
22. TВИТАНТОНИО ЛУИЦИ ХРТ 1:57.450 + 7.129 19
23. ДАНИЛЕ РИКАРДО ХРТ 1:57.612 + 7.291 24
24. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 2:02.234 + 11.913 12