Сите очекуваат брз болид за следната сезона
Никола Томбазис, главниот дизајнер на Ферари вели дека италијанскиот тим има за цел да ја започне следната Ф1 сезона во висок стил: "Нашата цел е да пристигнеме во Австралија апсолутно конкурентни. Ние не сакаме да кажуваме како минатите сезони, се уште сме зад водечките, но ќе направиме се... Но, јасно е дека нашите ривалите не се ниту наивни, ниту идиоти. Наша цел е да се победува, ние не штедиме на ништо, но и не земаме ништо здраво за готово."
Ферари планира поагресивен пристап кон болидот за следната година, но Томбазис вели дека новата машина нема да биде копија на Ред Бул, и покрај доминацијата на овој тим во текот на изминатите две сезони.
"Вие не може да ги игнорирате вашите конкуренти: Ако Ред Бул победува, не може да си кажете, ние ќе го следиме нашиот зацртан план. Но, не само Ред Бул има интересни решенија, постојат и побавни болиди со решенија достојни за почит. Не може да се криеме повеќе зад разноразни изговори. Сепак, мислам дека нашиот болид за следната година ќе има многу различни решенија, сите наши."
"Не би било фер да се каже дека тоа е нов Ред Бул. Тоа ќе биде Ферари, ќе биде различен во различни области, со нови решенија во други области, можеби и од други болиди. Тоа ќе биде микс. Ние од септември работиме на болидот за следната година и тоа е причината зошто од тој момент, ние се бориме да останеме во близина на нашите ривали."
Од дизајнер на еден врвен тим како Ферари многу "неочекувано" размислување, како да се чуствува некоја тензија во тимот на Ферари, сите вработени се под притисок да направат Победнички дизајн, и иако се уште го немаме видено болидот за следната сезона, делува како да сака да се одбрани од критики кои навестуваат копија на Ред Бул и други тимови. Да се надеваме дека ќе има повеќе вистина во реченицата, ќе има повеќе различни решенија и сите на Ферари.