Хамилтон најбрз, но со казна!!!
На стартот од првиот тренинг возачите имаа проблеми со патеката која беше многу нечиста, со прав во изобилство, а само по шест минути од почетокот на овој тренинг беше истакнато црвеното знаме, бидејќи на патеката се појави куче скитник. Ова е раритет за Ф1 и вакви нешта се можни во Индија. На овој тренинг возачите се запознаваа со патеката и ја "чистеа" од правта, па постигнатите времиња не се некој репер за формата на тимовите. Пред крајот на сесијата беше истакнато жолто знаме, поради извртувањето на Џејми Алгурсуари. Тој ја загуби контролата над својот болид и заврши во заштитната ограда, уништувајќи го задниот дел на својот болид. Малку подоцна и Пастор Малдонадо предвреме го заврши овој тренинг, предизвикувајќи ново жолто знаме. За време на тоа жолто знаме Луис Хамилтон успеа да го постави најдоброто време, користејќи го и задното подвижно крило, што е забрането, па затоа заработи казна од три стартни места поназад од страна на Стјуардите на трката. Истата казна ја заработи и Серџо Перез. Алонсо успеа да комплетира само 4 кругови, поради проблеми со својот болид.ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:26.836 22
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:27.416 + 0.580 23
3. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:27.428 + 0.592 27
4. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:28.394 + 1.558 23
5. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:28.531 + 1.695 23
6. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:28.542 + 1.706 29
7. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:28.644 + 1.808 22
8. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:28.705 + 1.869 23
9. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:29.219 + 2.383 24
10. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:29.355 + 2.519 29
11. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:29.700 + 2.864 24
12. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:29.705 + 2.869 22
13. БРУНО СЕНА РЕНО 1:29.799 + 2.963 20
14. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:30.132 + 3.296 25
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:30.367 + 3.531 21
16. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:30.566 + 3.730 19
17. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:30.699 + 3.833 22
18. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:30.818 + 3.982 22
19. КАРУН ЧАНДХОК ЛОТУС 1:32.487 + 5.651 24
20. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:32.771 + 5.935 24
21. НАРАИН КАРТИКЕЈАН ХРТ 1:33.928 + 7.092 27
22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:34.113 + 7.277 30
23. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:35.896 + 8.960 19
24. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:35.899 + 9.063 4
Долго време не сме виделе Ферари на врвот на табелите!!!
Фелипе Маса го постави најбрзото време на вториот тренинг за Индиското Гран При. Возачот на Ферари успеа да заврши пред Себастијан Ветел, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон. Марк Вебер заврши како петти најбрз, следен од Џенсон Батон, Адријан Сутил и Бруно Сена.По техничкитe проблеми на утринскиот, Пастор Малдонадо повторно со проблеми и на вториот тренинг кога ја загуби контролата врз својот болид и заврши во песокот покрај кривината 9. Поголемо извртување имаше Жером Д'Амброзио не успеа да ја совлада кривината со број 11, завршувајќи со болидот во заштитните бариери покрај патеката.
Ферари имаа забележителен настап на оваа сесија, не само по поставувањето на најбрзото и третото најбрзо време туку и сите погледи беа повторно свртени кон нивното идно предно крило, кое од телевизиските снимки се гледа дека е толку флексибилно што во одредени моменти фрлаше искри при допирот со асфалтната подлога.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. ФЕЛИПЕ МАСА ФЕРАРИ 1:25.706 33
2. СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ РЕД БУЛ 1:25.794 + 0.088 34
3. ФЕРНАНДО АЛОНСО ФЕРАРИ 1:25.930 + 0.224 34
4. ЛУИС ХАМИЛТОН МЕКЛАРЕН 1:26.454 + 0.748 26
5. МАРК ВЕБЕР РЕД БУЛ 1:26.500 + 0.794 30
6. ЏЕНСОН БАТОН МЕКЛАРЕН 1:26.714 + 1.008 28
7. АДРИАН СУТИЛ ФОРС ИНДИЈА 1:27.316 + 1.610 34
8. БРУНО СЕНА РЕНО 1:27.498 + 1.792 36
9. ПОЛ ДИ РЕСТА ФОРС ИНДИЈА 1:27.853 + 2.147 35
10. СЕБАСТИЕН БУЕМИ ТОРО РОСО 1:27.868 + 2.162 35
11. ВИТАЛИЈ ПЕТРОВ РЕНО 1:27.890 + 2.184 37
12. КАМУИ КОБАЈАШИ ЗАУБЕР 1:28.050 + 2.344 34
13. СЕРЏО ПЕРЕЗ ЗАУБЕР 1:28.289 + 2.583 36
14. ЏЕЈМИ АЛГУЕРСУАРИ ТОРО РОСО 1:28.552 + 2.846 31
15. РУБЕНС БАРИЧЕЛО ВИЛИЈАМС 1:28.691 + 2.985 29
16. ПАСТОР МАЛДОНАДО ВИЛИЈАМС 1:28.708 + 3.002 24
17. ЈАРНО ТРУЛИ ЛОТУС 1:29.332 + 3.626 39
18. ХЕИКИ КОВАЛАИНЕН ЛОТУС 1:30.241 + 4.535 41
19. НИКО РОЗБЕРГ МЕРЦЕДЕС ГП 1:31.098 + 5.392 38
20. ТИМО ГЛОК ВИРЏИН 1:31.469 + 5.763 32
21. МИХАЕЛ ШУМАХЕР МЕРЦЕДЕС ГП 1:31.804 + 6.098 28
22. ЖЕРОМ Д`АМБРОЗИО ВИРЏИН 1:32.593 + 6.887 12
23. ДАНИЕЛ РИКАРДО ХРТ 1:32.768 + 7.062 33
24. НАРАИН КАРТИКЕЈАН ХРТ 1:32.824 + 7.118 33