Ветел почна да губи и да покажува нервоза!!!
Нараин Картикејан возвраќа:"Тоа што користи такви зборови само го прикажува него во лошо светло. Само бидејќи има добар болид, не значи дека другите се идиоти. Јас победував во сите претходни серии во кои сум учествувал, така што не ми треба сертификат од Ветел. Не очекуваш еден професионален возач да е таков плачко".
Повеќето возачи инцидентот помеѓу Ветел и Картикејан го оценија како обичен тркачки инцидент во кој Германецот ако внимавал повеќе немало да се случи, а германските медиуми пишуваат дека Ветел го прекршил новиот, построг кодекс на однесување, кој што бил воведен по иницијатива на Жан Тод.
“Го прекрши кодексот на обезбедување. Го прифаќате во моментот кога добивате дозвола и потоа морате да го почитувате. Секое однесување кое што ги навредува другите луѓе или спортот е прекршок.” – изјави поранешниот Ф1 возач, Марк Суер.