Патеката ќе биде Пол Рикард !!!
Франција се приближува кон враќање во Формула 1. Франсоа Фијон, премиерот на Франција, треба утре да ги објави плановите за враќањето на Француското Гран При на патеката Пол Рикард. Фијон ќе биде придружуван од Хуберт Фалко, претседател на покраината Тулон.
Иако не е јасно колку далеку се преговорите со Берни Екелстоун, постојат веродостојни шпекулации дека Фијон ќе објави дека Франција е подготвена да биде домаќин на Ф1 трката веќе следната сезона. За ваков договор треба да се согласи Берни Еклстоун, потоа ќе треба да биде ратифициран од страна на ФИА пред објавувањето на календарот за 2013 година, но според повеќето тоа најверојатно ќе биде само една обична формалност.
Пол Рикард беше домаќин на Ф1 трка во далечната 1990 година. Понудата на Франција за да добие своја трка е појачана со присуството на три Француски возачи во Формула 1 оваа година и тоа Ромен Грожан, Жан-Ерик Верн и Чарлс Пик.