Дали во Ферари ја знаат победничката стратегија?!?
Возачите на Ред Бул доминираат во последните трки, а на Алонсо и Ферари јасно е дека им недостасува брзина, особено во квалификациите, но Шпанецот изјави дека тој сè уште е убеден дека може да ја освои титулата оваа година."Ситуацијата е навистина комплицирана, но и понатаму сум 100% убеден дека можеме да се бориме за титулата и на крај да ја освоиме. Во сабота, Ред Бул доминира на патеката, тие го имаат најбрзиот болид, па тие повторно ќе ја стартуваат трката од првата и втората стартна позиција, но во недела е друга приказна. Јас и во Кореја бев во можност да извршам притисок врз Вебер, па ќе видиме како ќе се одвива утрешниот ден. Мислам дека имаме шанса да имаме добра трка, да заработиме многу поени. Се надевам дека ќе бидат повеќе од Себастијан, а следниот Гран При викенд ќе бидеме поконкурентни. Основната цел за утре е да се заврши пред Ветел, и мислам дека имаме шанса да го направиме тоа. Новите елементи, кои ги донесовме во Индија, доведоа до само мал чекор напред, но во наредните трки очекуваме голема надградба и се надеваме дека значително ќе ја намалиме предноста на Ред Бул. Слична ситуација имавме и во текот на досегашната сезона. Имавме добиено погрешни информации во воздушниот тунел, па загубивме од брзината, но ситуацијата и понатаму е стабилна."