Се одбрани при стартот после беше лесно!!!
Себастијан Ветел го зголеми водството во Шампионатот на 13 поени, забележувајќи ја четвртата последователна и доминантна победа овојпат за Индиското Гран При.
Фернандо Алонсо успеа да ја минимизира штетата во борбата за титулата со второто место. Марк Вебер не успеа да го задржи зад себе Шпанецот, поради проблеми со КЕРС-системот, и заврши на третото место.Ривалите на Ред Бул, пред трката тврдеа дека тие можат да бидат спречи само со добар старт, но Ветел го имаше можеби најсилниот старт досега, исто така придружуван од Вебер. Болидите на шампионскиот тим изгледаа повеќе доминантни од претходните трки. Додека Ветел и Вебер се одалечуваа, Мекларен и Ферари се бореа еден до друг. Шпанецот беше одличен па успеа да ги помине и Луис Хамилтон и Џенсон Батон.
Како што одминуваше трката, се наговестуваше нова 1-2 победа на Ред Бул, а третото место изгледаше како да е лимитот на Алонсо, но се до втората половина од истата, кога Вебер почна да заостанува зад темпото на Ветел, а Ферарито почна да го стигнува. По радио врските дознавме дека Вебер има проблеми со КЕРС-системот, Алонсо го засили своето темпо, а и покрај тоа што мораше да се обиде да штеди и на гориво, на крај успеа да го помине Австралијанецот за второто место. Со тоа можеби и го освои најдоброто можно место за продолжеток на борбата за Титулата.
Луис Хамилтон заврши на четвртото место, веднашзад него Џенсон Батон. Фелипе Маса, успеа да се одбрани од Кими Раиконен кој беше зад него речиси цела трка но му недостигаше праволиниска брзина да го помине Ферарито. Поени освоија уште и Хулкенберг, Грожан и Сена.
Голема награда на Индија
60 круга, 307.249км., Време: Суво.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч31:10.744
2. Фернандо Алонсо Ферари + 9.437
3. Марк Вебер Ред Бул + 13.217
4. Луис Хамилтон Мекларен + 13.909
5. Џенсон Батон Мекларен + 26.266
6. Фелипе Маса Ферари + 44.600
7. Кими Раиконен Лотус + 45.200
8. Нико Хулкенберг Форс Индија + 54.900
9. Роман Грожан Лотус + 56.100
10. Бруно Сена Вилијамс + 1:14.900
11. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 1:21.600
12. Пол Ди Реста Форс Индија + 1:22.800
13. Даниел Рикардо Торо Росо + 1:26.000
14. Кобајаши Заубер + 1:26.400
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
16. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
17. Витали Петров Катерам + 1 круг
18. Хеики Ковалаинен Катерам + 1 круг
19. Чарлс Пик Марусија + 1 круг
20. Тимо Глок Марусија + 2 круга
21. Нараин Картикејан ХРТ + 2 круга
22. Михаел Шумахер Мерцедес АМГ + 5 круга
Најбрз круг: Џенсон Батон - 1:28.203
БЕЗ ПЛАСМАН:
Возач Тим При круг
Педро де ла Росa ХРТ 41
Серџо Перез Заубер 21
Генерален пласман по 17 трки:
Возачи: Конструктори:
1. С.Ветел 240 1. Ред Бул 407
2. Ф.Алонсо 227 2. Ферари 316
3. К.Раиконен 173 3. Мекларен 306
4. М.Вебер 167 4. Лотус 263
5. Л.Хамилтон 165 5. Мерцедес АМГ 136
6. Џ.Батон 141 6. Заубер 116
7. Н.Розберг 93 7. Форс Индија 93
8. Р.Грожан 90 8. Вилијамс 59
9. Ф.Маса 89 9. Торо Росо 21
10. С.Перез 66
11. К.Кобајаши 50
12. Н.Хулкенберг 49
13. П.ди Реста 44
14. М.Шумахер 43
15. П.Малдонадо 33
16. Б.Сена 26
17. Ж.Верн 12
18. Д.Рикардо 9