Кими ги покажува своите способности на врвен возач
Двата слободни тренинзи за Малезиското Гран При кое се одржува овој викенд беа во целосна спротивност со Алберт Парк, температури на воздухот од 33 степени и температури на патеката кои на моменти надминуваа 40 степени Целзиусови. Заедничко е што и овде имавме дожд, кој започна да паѓа на половина од вториот слободен тренинг, но не беше со голем интензитет. Многу тимови ги забрзаа своите програми, порано од очекуваното, а добија шанса да ги испробаат интермедиа гумите и да соберат податоци кои ќе бидат од голема важност ако заврне и за време на самата трка. На овие тренинзи за прв пат ги видовме тврдите слик гуми, кои оваа сезона се обоени во портокалово.Кими Раиконен со болидот на Лотус, повторно, беше најбрз на патеката. Најбрзото време го забележа на вториот тренинг, со што тој продолжува да им парира на возачите од Ред Бул кога е во прашање еден брз круг. По завршувањето на првиот тренинг беше втор најбрз со само 0.068 секунди побавно време од Марк Вебер, а беше 0.019 секунди побрз од Себастијан Ветел на вториот тренинг.
Раиконен, Ветел и Маса се менуваа на првата позиција пред да заврне дождот, и на крај тие завршија во разлика од само 0.092 секунди. Одкако помина облакот кој донесе дожд, топлата време брзо ја исуши патеката, но потоа не беше доволно добра за возачите да ги победат своите порано поставени најбрзи времиња.
Зад најбрзите тројца возачи беше Фернандо Алонсо со четвртото најбрзо време, само 0,041 секунди пред Марк Вебер, најбрзиот од првиот тренинг. Следуваа уште и Роман Грожан и Нико Розберг под временска разлика од 1 секунда. Луис Хамилтон на овој тренинг ден водеше битка со болидите на Форс Индија, го победи Адријан Сутил за 9-тото најбрзо време, а беше побавен од Пол ди Реста за само 0,003 делови од секундата.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кими Раиконен Лотус 1:36.569 28
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.588 + 0.019 27
3. Фелипе Маса Ферари 1:36.661 + 0.092 33
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:36.985 + 0.416 23
5. Марк Вебер Ред Бул 1:37.026 + 0.457 29
6. Роман Грожан Лотус 1:37.206 + 0.637 26
7. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.448 + 0.879 32
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:37.571 + 1.002 30
9. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.574 + 1.005 32
10. Адријан Сутил Форс Индија 1:37.788 + 1.219 10
11. Серџо Перез Мекларен 1:37.838 + 1.269 21
12. Џенсон Батон Мекларен 1:37.865 + 1.296 29
13. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.068 + 1.499 31
14. Естебан Гутиерез Заубер 1:38.645 + 2.076 23
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.738 + 2.169 31
16. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.801 + 2.232 27
17. Даниел Рикардо Торо Росо 1:38.904 + 2.335 31
18. Жил Бјанки Марусија 1:39.508 + 2.939 30
19. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.660 + 3.091 28
20. Чарлс Пик Катерам 1:40.757 + 4.188 29
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.768 + 4.199 32
22. Макс Чилтон Марусија 1:41.438 + 4.869 23
ПРВ СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Марк Вебер Ред Бул 1:36.935 15
2. Кими Раиконен Лотус 1:37.003 + 0.068 15
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:37.104 + 0.169 21
4. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.319 + 0.384 13
5. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:37.588 + 0.653 19
6. Адријан Сутил Форс Индија 1:37.769 + 0.834 17
7. Фелипе Маса Ферари 1:37.771 + 0.836 15
8. Пол ди Реста Форс Индија 1:37.773 + 0.838 15
9. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.840 + 0.905 18
10. Роман Грожан Лотус 1:37.915 + 0.980 17
11. Џенсон Батон Мекларен 1:38.173 + 1.238 16
12. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:38.673 + 1.738 16
13. Серџо Перез Мекларен 1:38.830 + 1.895 17
14. Нико Хулкенберг Заубер 1:39.054 + 2.119 17
15. Естебан Гутиерез Заубер 1:39.204 + 2.269 16
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:39.208 + 2.273 19
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:39.284 + 2.349 17
18. Даниел Рикардо Торо Росо 1:39.567 + 2.632 16
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.728 + 3.793 17
20. Жил Бјанки Марусија 1:40.996 + 4.061 14
21. Чарлс Пик Катерам 1:41.163 + 4.228 18
22. Макс Чилтон Марусија 1:41.513 + 4.578 14