2013 МАЛЕЗИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
3/22/2013 06:37:00 PM
0
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел освои поени и водеше во трката во Малезија само двапати. Победник беше во 2010 и 2011. Тој тука има два судири и едно откажување на поради дефект на моторот. Минатата година заостануваше во текот на трката, а неговите надежи за победа завршија кога тој се судри со Нараин Картикејан, и заработи дупната лева задна гума.
• Марк Вебер започна од Пол позицијата во 2010 година, пред неговиот тимски колега Ветел, но беше поминат на првата кривина и мораше да се задоволи со второто место, што претставува единствениот подиум во Сепанг. Тој беше четврти двапати во последните две трки. Неговите квалификациони настапи се особено впечатливи и во изминатите девет трки во Малезија тој секогаш е во првите десет. Тој, исто така, во дуелите со своите тимски колеги на квалификациите води со 8-3.
• Фернандо Алонсо минатата година стартуваше од 8-та позиција и Победи на трката. Тој, исто така, победи тука во 2005 и 2007 година, а заврши на подиумот во 2006 и 2003. Тој исто така беше на Пол позицијата во 2003 и 2005, и како Вебер, има скор од 8-3 против своите тимски колеги во квалификациите, непобеден е од 2007година.
• Фелипе Маса има Пол позиции во Малезија во 2007 и 2008 година, но во трките тој често бил жртва на лоша среќа, па неговиот најдобар резултат е само петтото место. Неговата лоша среќа продолжи и минатата година со пит-стоп проблеми и лоша трка, а речиси беше минат за еден круг од својот тимски колега, Алонсо, кој победи на трката.
• Џенсон Батон има забележано хет-трик во Малезија, Пол позиција, Победа, Најбрз круг во 2009 година, тогаш со тимот на Браун ГП. Има уште 3 други пласмани на подиумот во 2004, 2006 и 2011 година. Минатата година и тој имаше проблеми со Нараин Картикејан.
• Серџо Перез минатата година го забележа својот Прв пласман на Подиумот на оваа трка, второ место, а сите мислеа дека има сили да го помине Алонсо, но дека нема дозвола од тимот за такво нешто.
• Кими Раиконен ја забележа својата Прва Победа во Сепанг, во далечната 2003 година. Потоа победуваше во 2008, беше трет во 2007 и 5-ти минатата година. Тоа се единствените трки на кои освојувал поени. Квалификациониот скор со тимските колеги му е негативен 4-6. Годинава има шанси да се подобри, по добрата форма на почетокот од сезоната.
• Роман Грожан минатата година имаше кошмарна трка, прво се судри со Шумахер, а подоцна се изврте на патеката.
• Нико Розберг во Малезија само два пати има освоено поени. Беше трет во 2010 и осми во 2009 година. Како и Маса, добар е на квалификациите, води со 6-1 со тимските колеги, но трката е проблем за него.
• Луис Хамилтон нема победа во Сепанг, а најблиску до неа беше во 2007 година кога беше втор зад Алонсо, тогашниот негов тимскиот колега. Минатата година беше трет, а стартуваше од Пол позицијата. Секогаш кога стартувал трка во Малезија тој освојувал поени.
• Нико Хулкенберг има три настапи во Малезија со најдобар резултат 9-то место.
• Пол ди Реста има три настапи во Сепанг, двапати стартуваше трка, во двата случаи заврши на 14-та стартна позиција, а минатата година имаше најдобар пласман седмото место.
• Адриан Сутил има пет настапи на оваа патека, во период од 2007-11 година. Има две незавршени трки, и еден пласман во Топ 10. Во 2010 година стартуваше од 4-тата позиција и трката ја заврши на 5-то место. Минатата година паузираше, откако го изгуби возачко место во Форс Индија. Оваа година повторно се враќа во истиот тим.
• Пастор Малдонадо нема освоено поени и нема завршено трка во двата негови настапи на оваа патека.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека и ја забележа една од своите најдобри трки во Ф1 со 8-то место, со старт од 18-тата позиција.
• Даниел Рикардо минатата година ја имаше својата прва трка во Малезија, но тоа не беше негово деби на оваа патека. Тој дебитираше на тренизите во 2011 година. За разлика од својот тимски колега тој имаше полош настап. Се квалификуваше на 15-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 12-то место.
• Чарлс Пик во своето деби во Формула 1 со тимот на Марусија беше само 20-ти. Оваа година со тимот на Катерам, се надева на поголем успех.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Гидо ван дер Гард, Жил Бјанки и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул имаше 1-2 Победа на оваа патека во 2010 година, и повторно победа следната година. Минатата година Вебер беше 4-ти, а Ветел поради споменатиот судир со Картикејан немаше добар пласман.
• Мекларен својата последна победа во Сепанг ја имаше во 2007 година, и тоа 1-2 со Алонсо на првото, Хамилтон на второ место. Имаат само една Пол позиција, Хамилтон, минатата година.
• Ферари е најуспешниот тим на Малезиското ГП, со 6 Победи. Немаат освоено Пол позиција од 2008 година.
• Мерцедес АМГ имаат еден пласман на подиумот со Розберг во 2010 година.
• Лотус сеуште нема Победа тука со ова име, но како Рено Победи во 2005 и 2006 година.
• Вилијамс има 1-2 Победа во Малезија, далечната 2002 година, со Ралф Шумахер и Хуан-Пабло Монтоја, а последниот пласман на Подиумот беше во 2005 година со Ник Хајдфелд.
• Заубер минатата година со второто место на Перез го имаше својот најдобар пласман на оваа патека.
Торо Росо, Форс Индија, Катерам и Марусија немаат некој позначителен усшех на оваа патека.
Извор: Forix, најголемата база на Ф1 податоци и Аутоспорт.
Share to other apps