Ф1 тимовите немаат лесна задача при преселувањето на работите од една до друга патека во рок од една недела. Во Ферари рутината на пакување е добро извежбана, секој член на тимот ги знае своите задачи за време на големата операција на преселба на целокупниот падок од еден континент до друг во период од неколку дена. Тоа е тешка и монотона работа на крајот од долгиот тркачки викенд, но ако сте имале добар резултат, се чини дека се оди полесно и се заборава на заморот. Тоа беше дефинитивно случај за тимот на Ферари, и победата на Фернандо Алонсо. Се беше натоварено на камионите кои го однесоа скапоцениот товар до аеродромот во Шангај за лет од Далечниот Исток на Блискиот Исток, од Кина до Бахреин.
Стефано Доменикали исто така задоволен од постигнатото и расположен за разговор: "Тоа беше добар викенд за нас, тимот направи исклучително добра работа, а Фернандо извозе инзвонредна трка, само ми е жал за Фелипе, кој ја испушти оваа шанса за да заврши поблиску до врвот, поради проблемите со грејнингот на гумите. Постигнатиот резултат, дефинитивно, е еден убав поттик да се подготвиме и се започнеме одново за само неколку дена во Бахреин."
Сепак, Доменикали има поминато премногу време во Ф1 за да се возбуди премногу со само една победа: "Ф138 имаше добри перформанси, но ние не летаме премногу, бидејќи тоа е само една трка, една победа, во една сезона која има уште многу долг пат до крајот. Ние се уште не сме на ниво на кое треба да бидеме во квалификациите, некои од нашите ривали се многу силни и нашата цел е да ги стигнеме и престигнеме многу наскоро, затоа што само преку обезбедување на најдобрите можни стартни позиции, можеме да го користиме во целост потенцијалот што го нуди нашето темпо во трка. Ако се стартува од предниот ред, можете многу подобро да менаџирате со гумите."
"Ако сакаме да ги постигнеме нашите амбициозни цели во текот на годината, нашите возачи треба да имаат добри перформанси, а фактот дека и двајцата се во првите пет во генералниот пласман по три трки е важен, но и ние како тим треба да им обезбедиме добар болид. Значи ние треба да продолжиме да работиме напорно, да сме добро подготвени и го продолжиме моментумот што го најдовме во Шангај и на целиот викенд во Бахреин. "
2013 БАХРЕИН ГП: ФЕРАРИ ПОСАКУВА ПОБЕДНИЧКИОТ БРАН ДА СЕ ПРЕНЕСЕ И ВО ШАКИР
4/18/2013 11:57:00 AM
0
Share to other apps