По својувањето на својот втор подиум оваа сезона Iceman оди во пустинската жештина на Бахреин, кул, смирен и прибран.
Мора да биде во добра состојба по вашата нов подиумот во Шангај?
Кими: Тоа беше прилично океј викенд, но тоа не беше победа и се уште е почетокот на сезоната, па ние сеуште не славиме премногу.
Кои се вашите размислувања за трката во Бахреин?
Кими: Очигледно, минатата година имавме добра трка за нас како тим. Тоа беше мојот прв подиум за Енстоун, и имавме добра борба низ целата трка. Ние ризикувавме за време на квалификациите, и тоа не беше баш добро за нас. Тоа значеше пласман надвор од најбрзите десет возачи, но во трката ние успеавме доста добро да ги искористиме нашите гуми и ние се боревме за највисокото скалило на подиумот, што секогаш е добра работа.
Се боревте за победата со Себастијан Ветел, сега кога се потсеќате на тие моменти, што би смениле во борбата со него?
Кими: Можеби би се обидел да го претекнам од другата страна! Имав само еден обид, и јас ја одбрав погрешната страна. После тоа јас не бев во можност да возвратам, а второто место беше прилично добар резултат, но секогаш е подобро да се заврши на врвот на подиумот.
Како ја оценувате патеката Шакир?
Кими: Ми се допаѓа. Имав некои убави трки и освоив добри поени, иако јас никогаш не сум победил. Таа е малку поразлична од другите кои ги посетуваме и сосема е убаво да се биде таму на песокот! Каде и да погледнете наоколу, може да се види само песок во далечината, но и премногу се забележува во падокот. Тоа е патека на која никогаш не сум победил, па можеби оваа година ќе го промениме тоа.
Колку е тешко да се добие болид каков што сакате во Бахреин?
Кими: Не е лесно да се најде добар сет-ап, бидејќи површината на патеката се менува во текот на викендот, а понекогаш и ветрот премногу може да влијае на балансот на болидот. Таа е една од најпредизвикувачките патеки на која е тешко да се погоди вистинскиот сет-ап на болидот, но барем не мора често да се грижите за дождот!
Дали имате потенцијал за уште еден добар резултат?
Кими: Покрај Малезија, имавме добри трки оваа година, но тоа се само три трки, па е премногу рано да се каже нешто повеќе. Само затоа што имавме добар резултат минатата година, тоа не значи дека во Бахреин ќе биде добро за нас повторно и оваа година. Ние мора да се обидеме и да го направиме најдоброто што можеме на секоја трка и да се обидеме да забележиме поени, што ќе не држат во борба. Ако се оди како треба, тоа повторно ќе биде уште еден добар резултат за нас. Сепак, бескорисно е да ветувам нешто однапред.
Ова е трка и она што може да се случи, ќе се случи. Како беше да се стигне до второто место во Кина?
Кими: Второ место не е она што го посакувавме, но со оглед на околностите тоа беше најдоброто што можевме да го добиеме. Не бев 100% задоволен, бидејќи ние не победивме, но и второто место е добар резултат по лошиот старт и инцидентот со Серџо.
Дали ќе го менувате дизајнот на каросеријата на вашиот болид и во иднина?
Кими: Тоа е непредвидливо кога побавен болид ќе ви се најде на патот на тој начин и никогаш не знаеш дали тоа би можело да се случи повторно. Очигледно болидот не е дизајниран на тој начин со причина, инаку би го користеле во секое време, но сепак бев изненаден колку добро се однесуваше. Очигледно имавме некои проблеми со подуправливоста и некои потешкотии во управивањето, но моравме да се обидеме да се носиме со тоа и темпото беше прилично добро.
Многу се зборува за гумите на Пирели, што мисли Кими Раиконен околу тоа прашање?
Кими: Мислам дека може да се форсира на овие гуми, но никогаш тоа не е совршено. Не можете 100% секогаш да форсирате. Јас мислам дека тие се многу добри во квалификациите и имаат добар грип, па се е до тебе и ти треба да се грижиш за нив малку повеќе во трката. Тоа не е многу поинаку од минатата годинам, барем тоа е случај за нас, па јас навистина не разбирам зошто луѓето толку се жалат.
КИМИ НЕ ПОБЕДИЛ ВО БАХРЕИН, ВРЕМЕ Е ТОА ДА СЕ ПРОМЕНИ
4/17/2013 07:14:00 PM
0
Share to other apps