Марк Вебер беше втор со заостанување од 0.3 секунди зад Розбер, но 0.131 секунди пред третопласираниот тимски колега Себастијан Ветел. Добар настап на Пол ди Реста, кој го забележа четвртото најбрзо време пред Луис Хамилтон. Следуваат двата болиди на Торо Росо со Рикардо со шестото и Жан-Ерик Верн со седмото најбрзо време.
Со далеку подобри услови на патеката повеќето возачи почнаа да форсираат премногу рано, а повторно еден од нив беше Фелипе Маса кој повторно заврши во бариерите покрај патеката. Ова беше трето последователно излетување на Бразилецот по само седум извозени круга. Едноставно не се чуствува сигурност кај него во овој боид на Ферари, па не зачудува што е со последното време на табелата. Не многу добар настап и на Фернандо Алонсо кој извозе 32 круга, но беше само 10-ти најбрз. Сепак, Ферари беше многу поконкурентен во долгите стинтови, на истото ниво со Ред Бул. Мерцедес АМГ на овој тренинг се чини како да имаат подобрување во менаџирањето на гумите на Пирели, во текот на подолгите стинтови, но можеа да одговарат на темпото на Ред Бул.
Најголемиот интерес на денешните тренинзи го предизвика болидот на Кими Раиконен, на кој беше монтиран новиот пасивен ДРС-систем на тимот од Енстоун. Кими не покажа баш многу перформанси со малку гориво, но имаше брзи времиња кон крајот на сесијата на тврдите гуми. Се очекува Лотус да го употреби овој уред за прв пат на оваа трка, откако биле задоволни од постигнатиот напредок за време на аеродинамичкиот тест на Idiada. Роман Грожан, беше деветти најбрз, без овој уред, но со надградби на неговиот болид, а Кими само 13-ти со заостанување од 1.8 секунди.
Друг тим кој тестираше на Idiada оваа недела беше Мекларен, но ниту еден од нивните возачи не успеа да биде меѓу најбрзите 10 возачи, со Џенсон Батон, 11-ти, и Серџо Перез веднаш зад Раиконен на 14-тото место. Мекларен се уште се борат со појавата на потскокнување на болидот на нерамнините, кога губат многу време, и завршија со 1.5 секунди побавно време од најбрзото време.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:32.248 33
2. Марк Вебер Ред Бул 1:32.547 + 0.299 26
3. Себастијан Ветел Ред Бул 1:32.680 + 0.432 31
4. Пол ди Реста Форс Индија 1:32.832 + 0.584 34
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:32.911 + 0.663 28
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:33.171 + 0.923 34
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:33.290 + 1.042 38
8. Адријан Сутил Форс Индија 1:33.313 + 1.065 34
9. Роман Грожан Лотус 1:33.322 + 1.074 38
10. Фернандо Алонсо Ферари 1:33.494 + 1.246 32
11. Џенсон Батон Мекларен 1:33.740 + 1.492 29
12. Нико Хулкенберг Заубер 1:33.896 + 1.648 36
13. Кими Раиконен Лотус 1:34.120 + 1.872 30
14. Серџо Перез Мекларен 1:34.130 + 1.882 29
15. Естебан Гутиерес Заубер 1:34.998 + 2.750 32
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:35.070 + 2.822 29
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:35.127 + 2.879 35
18. Жил Бјанки Марусија 1:35.802 + 3.554 27
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:35.984 + 3.736 32
20. Чарлс Пик Катерам 1:36.079 + 3.831 35
21. Макс Чилтон Марусија 1:37.329 + 5.081 33
22. Фелипе Маса Ферари 1:43.466 + 11.218 7