Силверстоун е една од најстарите и најбрзи патеки во Формула 1 календарот. Себастијан Ветел пристигнува на Силверстоун со предност од 36 поени во трката за титулата и сознанието дека од наредната година тој ќе има нов тимски колега. Фернандо Алонсо е на второто место, со Кими Раиконен зад себе на третото место. Луис Хамилтон, Марк Вебер и Нико Розберг се тука некаде, но тие треба да почнат да се искачуваат на Победничкиот подиум, ако сакаат да се одржат во борбата за титулите.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел забележа Пол позиција, Најбрз круг и Победа во 2009 година, беше втор во 2011 и трет во 2012. Тој не ја заврши трката во 2008 и беше седми во 2010. Себ беше на Пол позицијата тука во 2009 и 2010, и со тимот на Ред Бул, отсекогаш стартува во првите четири стартни позиции.
• Марк Вебер има две Победи на Силверстоун, во 2010 и 2012 година, која е неговата последна забележана Победа. Секогаш се пласира на Подиумот од 2009 година, а неговите квалификациски настапи се подеднакво импресивни, па од 2008 година тој секогаш успеа да обезбеди стартно место во првите три позиции, но само еднаш стартувал од Пол позицијата и тоа во 2011 година. Во Силверстоун, Марк Вебер и Фернандо Алонсо ќе го изедначат рекордот на Нелсон Пике од 204 стартувани Гран При трки, со што влегуваат на топ 10 листата на сите времиња. На таа листа води Рубенс Баричело со 322 Гран При старта.
• Фернандо Алонсо победи тука во 2006 и 2011 година, и ја освои Пол позицијата во 2005, 2006 и 2012 година. Минатата година сите го сметаа за најверојатниот победник, но Вебер успеа да го помине на пет круга пред крајот и Шпанецот заврши на второто место. Тоа е еден од трите случаи кога тој го губи водството на оваа патека, во 2005 година тој беше поминат од страна на Хуан Пабло Монтоја на почетокот на трката и заврши втор, во 2007 година тој беше надмудрен од страна на Кими Раиконен во пит-стоповите, и повторно мораше да се задоволи со втората позиција. Алонсо секогаш се пласира во најбрзите 10 на квалификациите, освен во неговата сезона за Минарди во 2001 и има скор од 8-3 против своите тимски колеги, и нема пораз од 2008 година. Силверстоун е патеката каде што Алонсо го забележа неговиот последен Најбрз круг, и тоа дури пред две години.
• Фелипе Маса, како и на неодамнешното Канадско ГП, нема стартувано од првиот ред, и никогаш не завршил на подиумот. Неговиот најдобар резултат е четвртата стартна позицијаво 2006 и 2011 година и четвртото место во трката во 2009 и 2012 година. Ги има завршено сите стартувани трки.
• Џенсон Батон доаѓа на Сиверстоун, една од седумте патеки на која никогаш не бил на подиумот. Другите се Јеонгам и Остин меѓу сегашните патеки, а потоа на А1-ринг, Фуџи, Индијанаполис и Magny-Cours на кои се тркал. Неговиот најдобар резултат е четвртотоместо, постигнато во 2004 и 2010 година. Никогаш не бил во водство на домашната за него патека.
• Серџо Перез допрва треба да квалификува во Најбрзите 10 во Силверстоун, а го освои седмото место пред две години и беше седми, исто така, минатата година, кога на него налета Пастор Малдонадо и ја заврши неговата трка.
• Кими Раиконен ги надмудри двата болиди на Мекларен во боксовите за Победата во 2007 година, со болидот на Ферари, а тоа беше последниот од неговите пет последователни пласмани на подиумот на Британското Гран При. Тој исто така беше на Пол позицијата во 2004 година и беше во можност да стартува од топ 10 секоја сезона од 2006 година. Овој рекорд можеше да биде дури и подобар, но тој мораше да го промени својот мотор во 2005 година, кога тој го постави второто најбрзо време во квалификациите, паѓајќи на 12-тата стартна позиција. Без таа казна, тој секогаш се квалификувал во Најбрзите 10 возачи, а неговиот скор во Квалификациите против неговите тимски колеги ќе беше 10-0. Раиконен има забележано Најбрз круг на четири трки во Силверстоун.
• Роман Грожан минатата година го имаше дебитантскиот настап во Британија, беше добар во Квалификациите ја освои 9-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 6-тото место.
• Нико Розберг беше во можност да стартува од топ 10, и да заврши во поени само во 2009-2011 година во Силверстоун. Минатата година тој беше попречен од проблеми со пит-стопот.
• Луис Хамилтон победи тука во 2008 година, беше втор во 2010 и трет во 2007 година, кога стартуваше од Пол позицијата. Тој досега не успеал да се квалификува во првите 10 и да освои поени само во 2009 година.
• Нико Хулкенберг има два настапи во Силверстоун, во 2010 за Вилијамс, и минатата година со Форс Индија, со чиј болид настапи и на слободните тренинзи во 2011 година. На квалификациите во 2010г. со болидот на Вилијамс беше 13-ти, а трката ја заврши на 10-тото место, а 2012, со Форс Индија се квалификуваше на 14-тата позиција, а трката ја заврши на 12-тото место.
• Пол ди Реста никогаш не освоил поени на домашната трка, и покрај двата старта во најбрзите 10 возачи, и тоа стартуваше 6-ти пред две години, но во трката тој влезе во боксот кога неговиот екипаж не беше подготвен за него, а минатата година беше 10-то во Квалификациите, но Роман Грожан се удри во него и трката беше завршена пред време за него.
• Адријан Сутил има завршено само една трка во бодови од пет стартувани на оваа патека, и тоа со осмото место во 2010 година.
• Пастор Малдонадо се квалификува двапати на седмата стартна позиција, но никогаш не освоил поени. Пред две години тој заврши на 14-тото место, а минатата година беше 16-ти по судирот со Перез.
• Валтери Ботас ќе го има својот деби старт на оваа патека, но минатата година ја почуствува на слободните тренинзи исто така со болидот на Вилијамс.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 23-ти најбрз возач, а трката ја заврши на 14-тото место.
• Даниел Рикардо има две трки зад себе на Силверстоун, и тоа во 2011 го возеше болидот на ХРТ, кога се квалификуваше на 24-тата стартна позиција, и трката ја заврши на 19-тото место. На оваа патека минатата година го возеше болидот на Торо Росо, стартуваше од 12-та позиција, за на крај трката да ја заврши на 13-тото место.
• Чарлс Пик минатата сезона во своето деби во Британија со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од последната 24-та позиција, но во трката напредуваше пет места и заврши како 19-ти.
• Жил Бјанки ќе го има својот деби старт на оваа патека, но минатата година го почуствува асфалтот на слободните тренинзи со болидот на Форс Индија.
• Естебан Гутиерез, Гидо ван дер Гард и Макс Чилтон се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ферари е најдобриот тим со 16 Победи на Британското ГП. Но, како што е наведено погоре, доминацијата на Ред Бул во последните пет сезони остави мал простор за нивните ривали, меѓу кои и Ферари, па така тие имаат само два пласмани на подиумот, Победа во 2011 година и второто место минатата година, и двата пати со Алонсо.
• Мекларен е втор на листата на Победи, 14, но ја има истата судбина како Ферари во последните пет години, само Победа во 2008 и второ место во 2010 година, со Луис Хамилтон.
• Ред Бул е тимот на денешницата со забележани 3 Победи и 3 Пол позиции на последните четири трки и има пропуштено само еден подиум од осум старта на Силверстоун, кога Себастијан Ветел имаше дупната гума во почетниот круг во трката од 2010 година, сепак успевајќи да заврши на седмото место. Квалификационите настапи на Ред Бул, во овие четири години беа подеднакво импресивни, бидејќи нивните возачи стартуваа од првиот ред шест пати од осум настапи и никогаш не се квалификувале под четвртата стартна позиција. Досега никој ги нема престигнато во последните четири години.
• Лотус се нема искачено на Подиумот во Силверстоун од 2006 година кога Фернандо Алонсо Победи за тимот од Енстоун, кога сеуште се викаше Рено.
• Мерцедес има еден пласман на подиумот од кам-бек со овој мотоспорт, со третото место на Розберг во 2010 година. Од 12 старта, секогаш го завршувале Британското ГП.
• Вилијамс ќе го прослави својот 600 Гран При старт на оваа патеката, каде што последен пат биле на подиумот дури пред 10 години со Хуан Пабло Монтоја на второ место. Во последните две години освоија бодови само со Бруно Сена, кој беше деветти минатата година.
• Заубер со ист скор како нив, во последните две години освоија бодови само со Перез, кој беше седми во 2011 година.
• Форс Индија освои бодови во Силверстоун само еднаш во 2010 година со Сутил, кој беше 8-ми.
• Торо Росо има освоено само еден поен тука, во 2011 година со Џејми Алгуерсуари како 10-ти. Само Ветел беше во можност да го донесе болидот на Торо Росо во најбрзите 10 болиди во квалификациите во 2008 година, кога ја обезбеди осмата стартна позиција.
2013 БРИТАНИЈА ГП: СТАТИСТИЧКИ СЕМАФОР
6/28/2013 03:15:00 PM
0
Share to other apps