Фелипе Маса се надева дека враќањето на традиционалните Ф1 патеки кои имаат поголема просечна брзина ќе обезбеди поттик за подобри резултати, како на тимот, така и индивидуалните негови перформанси. Бразилецот се надева дека Силверстоун и Нирбургринг ќе им помогнат да ја намалат разликата на Ред Бул во шампионатот за конструктори.
"Мислам дека Силверстоун може да биде малку подобар за нас. Болидот беше многу силен во Барселона и во Кина. Монтреал беше сосема поинаква патека, во споредба со трките што следуваат, Силверстоун и Нирбургринг, каде што имаат многу кривини со големи латерални сили. Постојат голем број на средни и брзи кривини, па ќе видиме. Мислам дека ќе бидеме подобри на нормалните патеки."
"Не сум многу среќен со она што ми се случи неодамна, во Бахреин беше гумата, Монако две излетувања и во Канада со квалификациите. Значи, дефинитивно сакам следната трка да биде со многу повеќе среќа, добра среќа, и да ги покажеме нашите потенцијали и за време на квалификациите и во трката. Знам дека имаме темпо и тоа е важно. Ние мора да одиме на Победи на следните трки."
ФЕЛИПЕ МАСА ВЕРУВА ВО СЕБЕ И ФЕРАРИ
6/18/2013 03:29:00 PM
0
Tags
Share to other apps