Фирмата Genii Capital, сопственик на Лотус Ф1, денес објави дека продала 35 отсто од акциите на новиот инвеститор во тимот - Infinity Racing.
Ерик Лукс, извршен директор на Genii Capital, во врска со овој потег, вели: "Како што резултатите на Лотус Ф1 продолжуваат да се подобруваат секоја година, ние го чекавме вистинскиот инвеститор кој ќе помогне да се направи скок на врвот во Шампионатот на конструкторите. За да се постигне оваа цел, во Infinity Racing, пронајдовме партнер со вистинска технолошка експертиза и глобален дофат на пазарите со клучните спонзори. Со нетрпение ја очекуваме соработката со Infinity Racing."
ЛОТУС Ф1 СЕ ЗАЈАКНУВА СО НОВ ИНВЕСТИТОР
6/18/2013 06:37:00 PM
0
Share to other apps