Незаслужено критикуван, за некој да ја сокрие сопствената немоќ!!!
- Антонио Феликс да Коста наскоро треба да биде потврден како наследник на Даниел Рикиардо во Торо Росо за 2014 година. Официјална потврда треба да се случи во наредните денови.- Многу теории за мамење од тимот на Ред Бул, но според мене, критичката Италијанска јавност(повеќето потекнуваат од Италијанските новински агенции) својот револт го насочија во погрешна насока, не кон Ред Бул, туку треба да се концентрираат кон своите миленици. Додека Ферари доминираше во Ерата на Шумахер, се беше ок и ваквите инсинуации насочени кон нив беа отфрлани со потсмев. Сега зошто би било поинаку?!? Во Ферари, а и другите водечки тимови, треба да се запрашаат што не функционира кај нив. За Ферари е повеќе од јасно, додека е Доменикали нека не се надеваат на успех. Мерцедес АМГ, имаат помалку проблеми за решавање, т.е. барем знаат каде се лоцирани нивните проблеми, треба само да го решат проблемот со гумите и потрошувачката на гориво. Ред Бул беа обвинети дека имаат флексибилни предни крила. ФИА ги смени правилата за тестирање на предните крила и тие исчезнаа. Ред Бул беа обвинети за мапирање на моторот. И тоа беше наскоро забрането, само што повеќе Мекларен остана погоден од оваа забрана отколку Ред Бул. На крај за следната сезона е комплетна промена на болидот, и што ако се остане исто?!? Пак Ред Бул ќе биде виновен или едноставно луѓето знаат што работат, и одлично го работат тоа!!!
- Според Бразилските медиуми, Рубенс Барикело може да се врати во Формула 1, како возач на тимот на Заубер, и следната сезона да му биде учител на неискусниот тимски колега, Сергеј Сироткин. Неговиот кам-бек би можело да се случи веќе оваа сезона на неговата домашна трка. Барикело има 41 година и би бил еден од најстарите возачи во Ф1 циркусот.