Според ФИА, еден од позабележливите аспекти на новиот 2013-2020 Конкорд договорот е новата тендерската постапка за именување на единствен добавувач на гуми и гориво, за Формула 1 Шампионатот.
Во овој нов процес, ФИА ќе биде потврдена како тело задолжено за спроведување на тендерскиот процес. Сопственикот на комерцијалните права, пак, ќе има право да ги води комерцијалните преговори со потенцијални добавувачи, се со цел да се избере еден официјален снабдувач, којо ќе се назначува од страна на WMSC (Светскиот Совет за Моторспорт).
Со цел да се покрие периодот на транзиција и со оглед на веќе потпишаните договори од страна на ФОМ и тимовите со Пирели, на денешното собрание на Светскиот Совет за Моторспорт е потврдено дека Пирели може да продолжи да ги снабдува тимовите со гуми во Ф1 Шампионатот, под услов да се исполенти потребните технички и безбедносни стандарди на ФИА.
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.