Камуи Кобајаши со Катерам ја поправија сликата за Рено погонските единици, според бројот на извозени кругови, т.е. Јапонецот комплетираше импресивни 54 круга. Инженерите на Рено повторно имаа напорна ноќ за да им се овозможи на Ред Бул, Торо Росо и Катерам да комплетираат повеќе кругови, иако со намалена моќност. Од Рено Ф1, сепак, се убедени дека проблемите со нивната погонска единица ќе бидат решени пред вториот зимски тест во Бахреин.
Ред Бул, тим од кого се очекуваше многу, успеа да комплетира само 21 круга во текот на четирите дена на тестирање. Тие имаа проблеми со ЕРС-системот, т.е. со постојаното прегревање на неговите електронски компоненти, кои дури и се топеле од многу топлина.
Повторно доминација на Мерцедес-придвижуваните болиди, а само Фернандо Алонсо успеваше да им конкурира, исто така, комплетирајќи 115 круга со неговиот Ферари F14 T. На крајот од денот, неговиот поранешен тимски колега, Фелипе Маса, со Вилијамс го постави најбрзото време на последниот ден од првата тест сесија за оваа сезона. Но, најбрзо време во сите денови, останува за Кевин Магнусен.
Со денешниот ден заврши првата тест сесија, на која беа презентирани повеќето болиди, со грди носеви, големи проблеми за Ред Бул и Рено, добар Мекларен, стандарден Ферари, и ако дадеме првична оценка, треба да не очекува интересна, но пред се неизвесна Ф1 сезона. Но, конечната прогноза ќе ја дадеме по завршуањето на последната тест сесија, а втората започнува на 19 февруари, во Бахреин, каде што треба да се приклучи и тимот на Лотус.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фелипе Маса Вилијамс 1:28.229 86
2. Фернандо Алонсо Ферари 1:29.145 + 0.916 115
3. Даниел Хункадеља Форс Индија 1:29.475 + 1.228 81
4. Кевин Магнусен Мекларен 1:30.806 + 2.577 110
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:30.822 + 2.593 41
6. Жил Бјанки Марусија 1:32.222 + 3.993 25
7. Адријан Сутил Заубер 1:36.571 + 8.342 69
8. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:36.951 + 8.722 91
9. Камуи Кобајаши Катерам 1:43.193 + 14.964 54
10. Дањил Квјат Торо Росо 1:44.016 + 15.787 9
11. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:45.374 + 17.145 7