UNITED STATES GRAND PRIX (Circuit of The Americas)
3/03/2011 04:59:00 PM
Кога е изградена патеката?
Патеката на Америка, дизајнирана од Херман Тилке во соработка со американската архитектонска фирма HKS, претрпе нешто како нервозен почеток, при што изградбата имаше неколку неуспеси. Сепак, чекањето вредеше, кога Марио Андрети, Ф1 шампионот од 1978 година, ја отвори патеката на 21 Октомври 2012 година.
- Кога беше првата трка?
Формула 1 за прв пат се возеше на патеката на Америка во 2012 година, за првата Голема Награда на Соединетите Држави, по трката во Индијанаполис во 2007 година. Повеќе од 100.000 гледачи ја посетија патеката во Остин, и беа сведоци на последната победа на Луис Хамилтон со тимот на Мекларен пред неговото преселување во Мерцедес АМГ за 2013 година.
- Каква е патеката?
Ако свиоците ви изгледаат познати, очите и интуицијата не ве лажат. Свиоците 3 до 6 изгледаат не многу различно од брзите свиоци на Силверстон од Маготс до Бекетс или S свиокот на Сузука, додека свиоците од 12 до 15 имитираат дел од Хокенхајм. Во меѓувреме, екстра широкиот прв свиок се наоѓа на врвот на угорнина, кој обезбеди доста интересни претекнувања во кратката историја на патеката.
Share to other apps