Сепак разликата на сите останати болиди со Мерцедесите е огромна. Тоа се единствените "виновници" за неинтересната борба за Титулите во оваа 2014 сезона. Малку уживање ни дава борбата помеѓу тимските колеги и интересните трки, но само во случај кога нешто не е во ред со Сребрените Стрели.
Даниел Рикиардо ретко стартува трка зад својот тимски колега, но денес имаше излетувањето надвор од патеката при Blanchimont свиокот во неговиот последен обид, што беше доволно само за 5-тата стартна позиција. Од Вилијамсите се очекуваше многу повеќе, но на влажната патека не го покажаа целосниот потенцијал, па така Валтери Ботас беше само шести најбрз, додека неговиот колега Фелипе Маса стандардно за секунда побавен и 9-та позиција. Кевин Магнусен со Мекларен и Кими Раиконен со Ферари ќе стартуваат од четвртио ред, а топ 10 пласманот го заокружи Џенсон Батон.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Нико Розберг Мерцедес АМГ 2:05.591
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 2:05.819 + 0.228
3. Себастијан Ветел Ред Бул 2:07.717 + 2.126
4. Фернандо Алонсо Ферари 2:07.786 + 2.195
5. Даниел Рикиардо Ред Бул 2:07.911 + 2.320
6. Валтери Ботас Вилијамс 2:08.049 + 2.458
7. Кевин Магнусен Мекларен 2:08.679 + 3.088
8. Кими Раиконен Ферари 2:08.780 + 3.189
9. Фелипе Маса Вилијамс 2:09.178 + 3.578
10. Џенсон Батон Мекларен 2:09.776 + 4.185
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 2:06.609
11. Дањил Квјат Торо Росо 2:09.377 + 2.768
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 2:09.805 + 3.169
13. Адријан Сутил Заубер 2:10.084 + 3.475
14. Серџо Перез Форс Индија 2:10.238 + 3.629
15. Роман Грожан Лотус 2:11.087 + 4.478
16. Жил Бјанки Марусија 2:12.470 + 5.861
Q1 Најбрзо време: Нико Розберг 2:07.130
17. Пастор Малдонадо Лотус 2:11.261 + 4.131
18. Нико Хулкенберг Форс Индија 2:11.267 + 4.137
19. Макс Чилтон Марусија 2:12.566 + 5.436
20. Естебан Гутиерес Заубер 2:13.414 + 6.284
21. Андре Лотерер Катерам 2:13.469 + 6.339
22. Маркус Ериксон Катерам 2:14.438 + 7.308
107% време: 2:16.029