BRITISH GRAND PRIX (Silverstone)
3/06/2011 05:25:00 PM
Кога е изградена патеката?
Луѓето што во 1942 година учествуваа во изградбата на воениот аеродром Силверстоун не ни можеа да претпостават дека ја градат и она што подоцна ќе стане една од најпознатите тркачки патеки. Патеката Силверстоун првпат се користеше за вистинска мототрка во 1947 година, иако за жал, една овца го загуби животот за време на истата.
- Кога беше првата трка?
Силверстоун беше домаќин на инаугуративната трка од модерната Формула 1 Ера, на 13 мај 1950 година. Искусниот Џузепе Фарина, кој подоцна ја освои шампионската титула во таа година, победи на трката со неговата Алфа Ромео 158.
- Каква е патеката?
На Големата Награда на Велика Британија во 2018 година, Луис Хамилтон го спореди кругот по Силверстоун како летање со борбен авион, и тоа треба се да ви каже за карактерот на оваа патек. И покрај бројните промени во конфигурацијата со текот на годините, Силверстоун секогаш го одржуваше својот суштински карактер како една од најбрзите патеки во Ф1 календарот, додека историските свиоци како Maggotts, Becketts и Abbey ги даваат некои од најголемите предизвици за возачите насекаде во светот.
Share to other apps