Себастијан Ветел е задоволен од постигнатиот резултат на денешните Квалификации за Големата Награда на Кина. Германецот вели дека во Q3 имале само по еден брз круг, кој морало да се извози најдобро што може. Зачуваниот сет на меки гуми, очекува да донесе одредена предност на утрешната трка.
"Сè на сè тоа беше добра сесија за нас. Имавме само еден вистински круг во Q3 и бев во можност да стигнам до третата стартна позиција. Незгодно е што не успеавме да бидат двата наши болиди еден покарај друг. Како што ми беше речено, Кими имал некои проблеми со сообраќајот на загревачкиот круг, кој е многу важен при овие температури на патеката. Брзината е тука и јас сум многу среќен со тоа."
"Ние треба да размислуваме со студени глави, Мерцедес АМГ е многу брз, и тоа со причина, тие имаат одличен болид и двајца возачи кои си ја знаат својата работа. Тоа ги прави фаворити за утрешната победа. Јас сум среќен каде сме во моментот и се надевам дека може да бидеме малку поблиску утре. Но, исто така, ние треба да внимаваме и на другите. Никогаш не смее да се потценат тимови како Вилијамс и Ред Бул кои се чини дека се многу побрзи овој викенд. Тоа ќе биде долга трка."
ВЕТЕЛ: МЕРЦЕДЕС Е БРЗ, ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА НА ВИЛИЈАМС И РЕД БУЛ
4/11/2015 03:38:00 PM
0
Share to other apps