Себастијан Ветел со Ферари го имаше најбрзото време во Q1 сесијата, поставувајќи време меките гуми на Пирели. Тимскиот колега Кими Раиконен беше втор најбрз пред Вилијамсот на Валтери Ботас, и Роман Грожан на изненадувачкото четвртото место на табелата. Ова беше случај затоа што само болидите на Мерцедес АМГ своите најбрзи времиња ги забележаа на медиум гумите, нешто што минатата трека го направи само Ферари. Уште од овој потег како да се насетуваше дека денес никој нема да може да ги Победи за првиот стартен ред.
Очекувано отпаднаа болидите на Манор, Вил Стивенс пред Роберто Мери, но според резултатите од слободните тренинзи им се приклучија и двата болиди на Мекларен. Џенсон Батон повторно го победи својот тимски колега Фернандо Алонсо. Крај на квалификационата сесија беше и за Нико Хулкенберг, кој ќе стартува од 16-тата позиција.
Втората сесија и битката за пласман во најбрзите 10 возачи беше многу блиска, бидејќи болидите од 5-тото место на табелата беа во разлика од само половина секунда. На почетокот преку радио врска на Дањил Квјат му беше кажано дека, најверојатно, за пласман во Q3 ќе биде потребно време од околу 1:38.000, а тимот на Ред Бул ретко греши во овие проценки. Сепак, Русинот не можеше да постави подобро време и на крај ќе стартува од 12-тата позиција, зад Лотусот на Пастор Малдонадо. Исто така елиминирани беа и двата болиди на Торо Росо, Макс Ферстапен, пред Карлос Саинц ЈР. и најбавниот болид во оваа сесија, тој на Форс Индија со Серџо Перез зад воланот. Разликите од пласман во Q3 беа само неколку десетинки.
Со почетокот на Q3 сесијата, Луис Хамилтон и Нико Розберг веднаш ги забележаа најбрзите времиња на првото излегување со нови меки гуми. Повежето од останатите болиди првиот свој брз круг го започнаа на употребен сет на меки гуми, па нормално е што никој и не забележа побрзо време. Заостанувањето на Ферари од повеќе од две секунди по првите излегувања и губење на 3-тата и 4-та позиција од болидите на Вилијамс, ни наговести дека ќе имаат проблеми дури и за вториот стартен ред.
Во последната брзи круга, Ботас го направи првиот потег, забележувајќи го третото место зад Мерцедесите. Тоа брзо беше надминато од страна на неговиот тимски колега, Фелипе Маса. Следуваше Кими Раиконен, кој имаше многу проблеми во контролирањето на својот болид, па не успеа да ги помине болидите на Вилијамс и само со 6-та стартна позиција. Првичното време на Себастијан исто така не беше премногу добро, но сепак на крајот успеа да стигне до трето најбрзо време, три десетинки побрзо од Маса, но со речиси секунда зад најбрзото време на денешните квалификации.
Луис Хамилтон при вториот обид беше побавен, а Нико Розберг фрустрирачки за него постави само четири стотинки побавно време за старт од втора позиција. Подолу на табелата Даниел Рикиардо со Ред Бул на седмата стартна позиција, со надеж за добри поени во трка. Роман Грожан со Лотус, пред Фелипе Наср и Маркус Ериксон со болидите на Заубер го заокружија топ 10 пласманот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:35.782
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.824 + 0.042
3. Себастијан Ветел Ферари 1:36.687 + 0.905
4. Фелипе Маса Вилијамс 1:36.954 + 1.172
5. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.143 + 1.361
6. Кими Раиконен Ферари 1:37.232 + 1.450
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:37.540 + 1.758
8. Роман Грожан Лотус 1:37.905 + 2.123
9. Фелипе Наср Заубер 1:38.067 + 2.285
10. Маркус Ериксон Заубер 1:38.158 + 2.376
Q2 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:36.423
11. Пастор Малдонадо Лотус 1:38.134 + 1.711
12. Дањил Квјат Ред Бул 1:38.209 + 1.786
13. Макс Ферстапен Торо Росо 1:38.393 + 1.970
14. Карлос Саинц ЈР. Торо Росо 1:38.538 + 2.115
15. Серџо Перез Форс Индија 1:39.290 + 2.867
Q1 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.502
16. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:39.216 + 1.714
17. Џенсон Батон Мекларен 1:39.276 + 1.774
18. Фернандо Алонсо Мекларен 1:39.280 + 1.778
19. Вил Стивенс Манор 1:42.091 + 4.589
20. Роберто Мери Манор 1:42.842 + 5.340
107% време: 1:44.327