ЛОТУС ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА!!!
12/21/2015 07:39:00 PM
0
Рено и формално го заврши купувањето на контролниот удел од Лотус Ф1. Новото име на тимот, целосната управувачка структура, тимските партнери и други детали ќе бидат објавени за време на промоцијата, која ќе се одржи во Париз во Февруари. Во меѓувреме, назначен е нов одбор на директори, со Жером Стол како претседател и Сирил Абитбул како извршен директор.
Tags
Share to other apps