Агенцијата Ројтерс ги разгоре страстите во Македонија, по пишувањето дека нашата земја има реални шанси да биде локацијата каде Астон Мартин, Британскиот производител на луксузни автомобили ќе изгради нова фабрика. Според нивните информации, Владата на Република Македонија во последен момент доставила интересна понуда која станала интересна за овој производител.
Во информацијата од Ројтерс се наведува дека првично во Астон Мартин разгледувале вкупно 19 дестинации за нова фабрика, за во моментов оваа бројка да биде редуцирана на само неколку. Покрај Македонија, производителот води преговори за две локации во Велика Британија, една во американската држава Алабама и една на Блискиот Исток. Конечната одлука за изградба на фабриката ќе биде донесена во наредните неколку недели.
Новата фабрика на Астон Мартин е основен дел од стратегијата на брендот за зголемување на производството. Плановите се продажбата да се зголеми за четири пати или околу 15.000 автомобили годишно до 2020 година. Еден од првите модели кои ќе се произведуваат во идниот објект е првиот кросовер на Aston Martin – DBX..
Во моментов Астон Мартин има само една фабрика. Таа се наоѓа во Гејдон, Велика Британија.
Да потсетиме на изјавата на Виџај Малја, кога Британскиот Аутоспорт на големи врати го најави влезот на овој бренд во Ф1 преку тимот на Форс Индија: " Ништо не е готово додека не е готово. Не ми се допаѓа да бројам кокошки, додека тие сеуште не се извеле. Ние и понатаму имаме голем број на дискусии за 2016 сезоната со нашите сегашни и нови партнери кои гледаат комерцијална вредност во врска со Форс Индија. Кога ќе дојде вистинското време ние ќе излеземе со официјално соопштение."
На крајот не бидна ништо, затоа што од Астон Мартин мислеле дека еден Ф1 тим може да се раководи со малку пари. Од друга страна, се потврди "непристрасноста" на Британските медиуми кога се во прашање Британските возачи или корпорации. Оваа информација не ја потврдуваат нити од Астон Мартин, нити од Владата на РМ. На крајот ќе излезе многу врева за ништо.
АСТОН МАРТИН НАМЕСТО ВО Ф1, ВЛЕГУВА ВО МАКЕДОНИЈА?!?
1/12/2016 11:47:00 PM
0
Tags
Share to other apps