Тимовите веќе имаат многу податоци, што е корисно за споредба со тие што ќе се добијат оваа 2017 година. Тест програмите се разработени до ситни детали, а нивното 100% спроведување ќе биде од голема корист за создавање на победнички болид. Секако тука е и правилното разбирање на интеракцијата помеѓу болидот и најновата генерација на Пирели гумите, каде сега имаме целосно нов приод, наместо брзо, сега треба бавно да се трошат.
Пирели ќе донесе 3500+ пневматици на Каталуња за првите осум тест дена(од 27 Февруари - 2 Март, а потоа повторно од 7-10 Март). Предните пневматици се зголемини од 245мм на 305mm ширина, додека на задната страна, тие се зголемени од 325мм до 405мм. Дијаметарот на бандажите останува непроменет, 13 инчи.
Претстојните тест сесии, исто така, ќе вклучуваат еден ден на влажна патека, за евалуација на 2017 пневматиците за влажно време и дожд. За тоа е договорен последниот ден од првата сесија, што може да биде променето доколку во некој од останатите три дена времето биде дождливо.
На тест сесиите во Шпанија, исто така, ќе биде овозможено тестирање и на резервните пневматици на Пирели. Тие се со 2016 смеши, направени да се користат во случај перформансите на новите болиди да испаднат помали од теоретски очекуваните.
ВОЗАЧИ ЗА ПРВАТА ПРЕД СЕЗОНСКА ТЕСТ СЕСИЈА
ТИМ | ПОНЕДЕЛНИК, 27/2/2017 | ВТОРНИК, 28/2/2017 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас |
Ферари | Себастијан Ветел | Кими Раиконен |
Вилијамс | Фелипе Маса | Ленс Строл |
Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
Рено | Нико Хулкенберг | Џолион Палмер |
Форс Индија | Серџо Перез | Естебан Окон |
Торо Росо | Карлос Саинц ЈР. | Данил Квјат |
Заубер | Маркус Ериксон | Антонио Џовинаци |
Мекларен | Фернандо Алонсо | Штофел Вандорн |
Хас | Кевин Магнусен | Кевин Магнусен |
ТИМ | СРЕДА, 1/3/2017 | ЧЕТВРТОК, 2/3/2017 |
Мерцедес АМГ | Ботас/Хамилтон | Хамилтон/Ботас |
Ферари | Себастијан Ветел | Кими Раиконен |
Вилијамс | Фелипе Маса | Ленс Строл |
Ред Бул | Даниел Рикиардо | Макс Ферстапен |
Рено | Хулкенберг/Палмер | Палмер/Хулкенберг |
Форс Индија | Алфонсо Целис | Перез/Окон |
Торо Росо | Карлос Саинц ЈР. | Данил Квјат |
Заубер | Ериксон/Џовинаци | Џовинаци/Ериксон |
Мекларен | Фернандо Алонсо | Штофел Вандорн |
Хас | Роман Грожан | Роман Грожан |
Пред почетокот на првата пред сезонска тест сесија, тимовите за разлика од минатата година веќе ќе ги имаат презентирано своите нови 2017 болиди. Доколку сте пропуштиле некоја од нив кликнете на следниот линк: ПРЕЗЕНТАЦИИ 2017 СЕЗОНА.