Макс Ферстапен и Ред Бул одржаа маестрален час на влажно/сувата Голема Награда на Бахреин, возена во Малезија, за да ја обезбедат првата победа во оваа 2026 сезона.
И покрај лошиот старт, Холанѓанецот успеа да ги престигне возачите на Мерцедес АМГ во тешки услови на почетокот од трката и се врати на победничките патеки.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
НЕМА ПАУЗА, ВЕДНАШ СЛЕДУВА ГН СИНГАПУР. БИДЕТЕ ТЕК ВО НАЈНОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕКУ НАШАТА ФБ СТРАНИЦА.
Беше луда трка од почеток до крај. Прво, пороен дожд пред почетокот и надреална епизода кога болидите почнаа да откажуваат поради софтверски проблем во формацискиот круг, а потоа излегувањето на безбедносното возило речиси сè преврте наопаку.
Ферстапен, сепак, се покажа поконзистентен од кој било друг во сите услови, и влажни и суви, за да ја обезбеди својата 72-ра победа во Формула 1, демонстрирајќи жестока брзина во текот на целата трка.
Ова беше прва победа на Ред Бул оваа година и, секако, прва за Ред Бул како производител на погонски единици.
По дефектот на болиодот на Џорџ Расел, Кими Антонели и Луис Хамилтон го комплетираа подиумот, а Чарлс Леклер и Исак Хаџар завршија зад првите тројца.
Фернандо Алонсо заслужува посебно споменување. И покрај лошата почетна стратегија, избирајќи гуми за суво, кога патеката беше посоодветна за интермедија, тој имаше одлично тркачко темпо и успеа да ја финишира трката на осмото место, одбранувајќи се од Ландо Норис во последниот круг. Спектакуларно за болидот на Астон Мартин.
Шеснаесетта трка од 2026 сезоната во Формула 1 шампионатот. Можеби најневообичаената во годината, бидејќи е Голема Награда на Бахреин, но се одржува во Сепанг, Малезија.
Ако работите веќе не беа доволно хаотични, пороен дожд се појави пред почетокот на трката, предизвикувајќи 40-минутно одложување.
Макс Ферстапен и Луис Хамилтон во првиот ред. Задолжително за гледање.
Првите незгодности се случија во формацискиот круг. Исак Хаџар, на пример, излета од патеката, без последици, и мораше да мине низ чакалот.
Кратко потоа, Ред Булот на Макс Ферстапен не сакаше да забрза, а потоа следеа повеќе возачи со истиот проблем, од кои Луис Хамилтон изгледаше како да има најголеми проблеми.
Софтверот на болидите не можеше да се справи со конфликтна ситуација. Затоа тркачкиот директор ја прекина постапката за старт и трката беше стопирана.
Изјавата на ФИА: "За време на формацискиот круг пред Големата Награда на Бахреин во Малезија имавме невидена комбинација од ниска брзина на моторот, услови на низок грип, поставки за управување со енергијата на влажна површина и конфигурацијата на секторот на патеката Сепанг предизвика неочекувано губење на моќноста кај неколку болиди."
"Како резултат на тоа, техничкиот оддел на ФИА го отстрани ограничувањето на енергијата во засегнатите сектори преку ажурирање на софтверот дистрибуирано до сите тимови за време на откажаниот старт, дозволувајќи им на тимовите да ги направат потребните прилагодувања на погонската единица пред почетокот на трката."
"Овој проблем не беше откриен ниту од ФИА ниту од тимовите за време на тест сесиите или за време на останатите формациски кругови."
"ФИА, заедно со тимовите и производителите на погонски единици, ќе продолжи со темелна анализа на проблемот."
Едно е сигурно, да се избегне понатамошен срам за Ф1, мора итно да се најде корективна мерка што ќе избегне понатамошни слични непријатности, со оглед дека овој тип на погонска единица е предодреден да трае во Ф1 барем до крајот на 2029 година.
Освен ако денешната катастрофа не ја забрза дискусијата за рано повторно воведување на многу посакуваните V8 мотори.
Моравме да чекаме до 10:33 часот по Македонско време за нов обид да се започне трката, време кога патеката почна да изгледа како да ќе се исуши, иако сè уште беше влажна.
Всушност, неколку возачи ја напуштија пит-линијата со гуми за суво време, и тоа: Хамилтон, Леклер, Гасли, Бортолето, Хулкенберг, Берман, Ботас, Перез, Колапинто, Норис, Пјастри, Алонсо и Строл. Остатокот од возачите се одлучија да останат на интермедија зелените гуми.
Патеката беше тешка, а Гасли беше првиот што излета од патеката без последици. По два формациски круга, време беше за старт на трката, со широк спектар на избрани гуми.
Стартот, и покрај временските услови и различните гуми, беше многу чист. Возачите на Мерцедес АМГ започнаа како ракети, а Кими Антонели се искачи на чело, пред Џорџ Расел и Макс Ферстапен.
Лиам Лосон доби многу позиции за да се искачи на четвртото место, пред Исак Хаџар и Карлос Саинц Јр.! Возачите со имтермедија гуми брзо се префрлија во горниот дел, додека сите што ги избраа гумите за суво паднаа во долниот дел на табелата.
Брзо стана јасно дека интермедија гуми беа вистинскиот избор. За само четири круга, Ландо Норис, најдобро пласираниот возач на гуми за суво, беше 48 секунди зад лидерот.
Топ 3 битката беше доста возбудлива. Макс Ферстапен го започна својот напад во шестиот круг. Четирикратниот шампион ја забележа слабоста на Џорџ Расел во првиот свиок и изврши совршено престигнување за второто место во четвртиот, заостанувајќи две секунди зад Антонели.
Патеката се сушеше побавно од очекуваното, а возачите на гуми за суво не можеа да го искористат нивниот потенцијал. Макс брзо ја намали разликата од две секунди во однос на Антонели и набрзо го започна својот напад.
Во деветтиот круг го направи својот прв обид, но беше неуспешен. Во тој момент, Валтери Ботас излета од патеката, со што се појави безбедносното возило. Сите со интермедија гуми добија шанса да ги заменат со гуми за сува патеката.
Рестартирањето се случи во 13-тиот круг, а Макс Ферстапен реагираше најбрзо. Холанѓанецот, на црвени гуми, се обиде да го претекне Антонели, на жолти гуми, околу надворешната страна од првиот свиок, но повторно не можеше да го помине, па претекнувањето беше успешно спроведено на излез од четвриот свиок.
Бранејќи се од неизбежното, Италијанецот изгуби позиција и од Расел. Хаџар се држеше пред Лосон, Окон и Линдблад.
Макс Ферстапен успеа да создаде предност од повеќе од една секунда пред Џорџ Расел, спречувајќи го да го активира модот за престигнување.
Во меѓувреме, водечките тимови ја искористија својата супериорност за да се искачуваат низ гридот. Пјастри, Хамилтон, Норис и Леклер брзо добиваа позиции. Најзабележителен беше Луис, кој имаше одлично темпо со своето Ферари.
Ферстапен не само што ја зголемуваше предноста пред возачите на Мерцедес АМГ, туку се чинеше дека Антонели има подобро темпо во однос на тимскиот колега пред себе.
Во 21-от круг, Кими Антонели го престигна Џорџ Расел во вториот свиок и се искачи на второто место, но веќе беше речиси пет секунди зад лидерот.
Хаџар заостануваше шест секунди, а Луис Хамилтон сега беше петти. Пјастри напредуваше низ гридот, но помалку ефикасно од седумкратниот шампион.
Неколку круга откако Антонели го престигна Расел, стана јасно дека Ферстапен има подобро темпо од двајцата. Италијанецот, всушност, се обиде до крајните граници на својот болид да напредува, а кога се прави тоа следуваат грешки, ако не е се направено совршено.
Резултат беше грешка во последниот свиок, удирајќи во столбчето на влез од боксевите. Па така, во 26-от круг, четирикратниот шампион веќе имаше водство од речиси осум секунди пред Кими и повеќе од девет пред Џорџ.
Вторите влегувања по нови гуми започна во 29-от круг. Чарлс Леклер, Арвид Линдблад и Ленс Строл беа први, а потоа следеа Естебан Окон, Лиам Лосон. Исак Хаџар, Луис Хамилтон и Фернандо Алонсо се упатија по нови гуми во 33-от круг, а веќе следниот круг им се приклучија и Џорџ Расел и Нико Хулкенберг.
Поредокот на трката остана непроменет. Со оглед на тоа што Ферстапен се оддалечи, а и меѓу возачите на Мерцедес АМГ имаше безбедна разлика, највозбудливите битки беа за четвртото место, помеѓу Хаџар и Хамилтон, и тие за пласман во поени.
Фернандо Алонсо во 40-тиот круг го престигна Линдблад и се искачи на десеттото место. Неговата главна закана за тој последен поен беше Нико Хулкенберг, кој беше на понови црвени гуми и исто така брзо го помина Арвид.
Во 43-от круг следеше период на ВБВ, кога Вилијамсот на Алекс Албон заглави на излезот од вториот свиок. Макс Ферстапен, возачите на Ферари, како и Франко Колапинто, Карлос Саинц Јр., Арвид Линдблад и Ленс Строл го искористија ова за да направат застанувања во боксот.
Макс првично излезе помеѓу возачите на Мерцедес АМГ, зад Антонели, пред Расел, но и тие влегоа во бокс еден круг подоцна, сè уште под виртуелното безбедносно возило. Исак Хаџар го следеше нивниот пример.
Изненадувачки, во 46-от круг, беше воведено безбедносното возило, па и другите возачи влегоа во бокс по нови гуми. И тоа не беше крај на случувањата.
Одеднаш, во 50-от круг, откажа болидот на Џорџ Расел па Британецот беше принуден да го паркира на крајот од стартно/целниот правец.
Ландо Норис имаше момент на невнимание, загледувајќи се во болидот на Мерцедес АМГ, за малку ќе се судреше со Оскар Пјасти на влез во првиот свиок, па мораше да излезе надвор од патеката, минувајќи низ чакалот покрај патеката.
Британецот падна на единаесеттото место, зад Арвид Линдблад. Затоа, Фернандо Алонсо доби две места и беше на осмата позиција пред рестартот, кој се случи во 52-риот круг, четири круга до финишот.
Макс повторно беше фокусиран и брзо се одвои на врвот за да ја обезбеди својата 72-ра победа во Формула 1. Денес беше неприкосновен и изгледаше како да нема конкуренција за победата и покрај целиот хаос.
Кими Антонели заврши втор, а возачите на Ферари успеаја да го престигнат Хаџар во последните кругови, со што Хамилтон се искачи на последното скалило на победничкиот подиумот, а Леклер се најде на четвртото место.
Оскар Пјастри го обезбеди шестото место, а Лиам Лосон беше најдобар од останатите на седмото место.
Фернандо Алонсо со маестрален успех за Астон Мартин и нови четири поени за осмото место, успевајќи да го задржи Мекларенот на Ландо Норис зад себе. Арвид Линдблад го обезбеди последниот достапен поен.






