На стартот на трката, Хамилтон ја искористи предноста на Пол позицијата за да премине во водство, додека слабиот старт на Себастијан Ветел му овозможи на Валтери Ботас да го помине Германецот за второто место по првата шикана.
Ферстапен, стартувајќи од петтата позиција, веднаш започна да ги напаѓа болидите пред себе. Тој го претекна Кими Раиконен од надворешната страна на првиот свиок на почетокот од третиот круг, а следен беше вториот болид на Ферари.
Холанѓанецот на почетокот на следниот круг, но овој пат од внатрешната страна го претекна Ветел за третото место.
Зад него, и неговиот тимски колега, Даниел Рикиардо, исто така, брзо напредуваше низ поредокот, па стигна до 6-тото место во седмиот круг престигнувајќи го Чарлс Леклерк со Заубер.
Во 10-от круг Макс Ферстапен имаше уште едно претекнување од внатрешната страна на првиот свиок, а сега на ред беше Валтери Ботас за пласман на второто место. Лидерот во трката, Луис Хамилтон, беше на само 1.7 секунди пред него.
Ботас беше првиот од водечките кој во 18-от круг влезе за промена на гумите, а Мерцедес АМГ го изнесе на патеката на медиум гумите на Пирели.
Хамилтон го направи истото веќе во следниот круг и се врати на 6-то место зад Чарлс Леклерк. Веќе во 25-от круг го претекна и наближуваше кон четвртото место на Даниел Рикиардо, кој имаше предност од шест секунди.
Следен во бокс, на крајот од кругот 27, беше Себастијан Ветел, кој исто така се врати на медиум гуми и на деветтото место. Ослободен од Ферарито пред себе, Рикиардо се пресели на третото место и го забележа најбрзиот круг на трката до тој момент. Кога Раиконен беше повикан во бокс, Австралиецот, се најде на второто место зад неговиот тимски колега.
Возачите на Ред Булс со стари гуми почнаа да создаваат разлика, но Ферстапен не беше во можност да изгради доволна предност пред влез во бокс, 35-ти круг, за да остане во водство.
Кога се врати на патеката, тој беше три секунди зад Хамилтон. Сепак, Холанѓанецот со посвежи меки гуми и побрзо темпо од шампионот, немаше проблем при неговото претекнување веќе во 39-от круг.
Водството на Макс не траеше долго. На почетокот на 44-от круг, Естебан Окон, се обиде да го претекне лидерот за да биде во ист круг со него, со потег од надворешната страна на првиот свиок. Возачот на Ред бул се бранеше од внатрешната страна, но при влез во вториот свиок следуваше контакт, по кој двајцата се судрија и извртеа надвор од патеката.
Тоа го искористи Луис Хамилтон за преземање на водството во трката. Верстапен во судирот заработи сериозни оштетувања на подот на својот болид и не беше во можност повторно да го предизвика Британецот.
Возачот на Форс Индија беше прогласен за виновен од страна на стјуардите и му беше изречена казна за 10 секунди стоење во бокс.
Во меѓувреме, Даниел Рикиардо имаше блиска борба, двапати допирајќи се со Себастијан Ветел додека се обидуваше да го претекне неговото Ферари. Вториот обид на Австралијанецот беше успешен и тој се искачи на петтото место зад Ботас, кој, исто така, набрзо беше претекнат.
Рикиардо се доблиши во ДРС опсегот зад Раиконен, но, не успеа да направи обид за претекнување на Финецот.
По комплетирани 71 круга, Хамилтон ја премина целната линијата за својата само 2-ра Победа на Бразилското Гран При, пред Макс Ферстапен, Кими Раиконен, Даниел Рикиардо.
Валтери Ботас остана на петтото место пред Себастијан Ветел, додека Леклерк заврши на седмо место како најдобар од остатокот на гридот.
Роман Грожан финишираше на осмо место пред тимскиот колега, Кевин Магнусен и Серџо Перез за комплетирање на пласманот на возачи кои освојуваат поени на оваа трка.
Голема Награда на Бразил, Хозе Карлос Паче 71 круга, 305.909км., Време: Сончево. |
|||
ПЛАСМАН: | |||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
1. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1ч27:09.066 |
2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 1.469 |
3. | Кими Раиконен | Ферари | + 4.764 |
4. | Даниел Рикиардо | Ред Бул | + 5.193 |
5. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | + 22.943 |
6. | Себастијан Ветел | Ферари | + 26.997 |
7. | Чарлс Леклерк | Заубер | + 44.199 |
8. | Роман Грожан | Хас | + 51.230 |
9. | Кевин Магнусен | Хас | + 52.857 |
10. | Серџо Перез | Форс Индија | + 1 круг |
11. | Брендон Хартли | Торо Росо | + 1 круг |
12. | Карлос Саинц ЈР. | Рено | + 1 круг |
13. | Пјер Гасли | Торо Росо | + 1 круг |
14. | Штофел Вандорн | Мекларен | + 1 круг |
15. | Естебан Окон | Вилијамс | + 1 круг |
16. | Сергеј Сироткин | Вилијамс | + 2 кругa |
17. | Фернандо Алонсо | Форс Индија | + 2 кругa |
18. | Ленс Строл | Мекларен | + 2 кругa |
НАЈБРЗ КРУГ: ВАЛТЕРИ БОТАС - 1:10.540 | |||
БЕЗ ПЛАСМАН: | |||
19. | Нико Хулкенберг | Рено | дефект |
20. | Маркус Ериксон | Заубер | дефект |
2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч30:02.555 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1ч31:09.090 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 3ч01:01.335 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1ч31:35.335 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:27:09.066 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
***ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН ПО 20 ТРКИ*** | |||
ВОЗАЧИ: | |||
1. | Луис Хамилтон | 383 | |
2. | Себастијан Ветел | 302 | |
3. | Кими Раиконен | 251 | |
4. | Валтери Ботас | 237 | |
5. | Макс Ферстапен | 234 | |
6. | Даниел Рикиардо | 158 | |
7. | Нико Хулкенберг | 69 | |
8. | Серџо Перез | 58 | |
9. | Кевин Магнусен | 55 | |
10. | Фернандо Алонсо | 50 | |
11. | Естебан Окон | 49 | |
12. | Карлос Саинц ЈР. | 45 | |
13. | Роман Грожан | 35 | |
14. | Чарлс Леклерк | 33 | |
15. | Пјер Гасли | 29 | |
16. | Штофел Вандорн | 12 | |
17. | Маркус Ериксон | 9 | |
18. | Ленс Строл | 6 | |
19. | Брендон Хартли | 4 | |
20. | Сергеј Сироткин | 1 | |
КОНСТРУКТОРИ: | |||
1. | Мерцедес АМГ | 620 | |
2. | Ферари | 553 | |
3. | Ред Бул | 367 | |
4. | Рено | 114 | |
5. | Хас | 98 | |
6. | Мекларен | 62 | |
7. | Форс Индија(нов сопственик) | 48 | |
8. | Заубер | 42 | |
9. | Торо Росо | 33 | |
10. | Вилијамс | 7 | |
ДКВ | Форс Индија(стар сопственик) | 52 |
— Formula 1 (@F1) November 11, 2018
— Formula 1 (@F1) November 11, 2018